Комични ситуации во кои сигурно ќе се пронајдете

Сите ние понекогаш се однесуваме смешно, на чуден начин кога ситуациите со кои се соочуваме се непријатни.

komicni-situacii-vo-koi-sigurno-kje-se-pronajdete-01.jpg

Токму затоа, секој ќе се најде во овие ситуации:

1. Прашувате за цената на производот и сфаќате дека немате доволно пари за тоа, па се однесувате како уште да размислувате дали ќе го купите или не.

2. Ве фаќа паника кога стигнувате на каса, уште не сте ги оставиле сите работи, а касиерката веќе почнува да куца. Панично го барате паричникот.

3. Го слушате вашиот глас снимен и посакувате да се извините на секоја личност со која некогаш сте разговарале.

4. Налетувате на некој кој го познавате и се прашувате зошто воопшто решивте да се поздравите со таа личност.

5. Случајно слушате туѓ разговор и во глава им давате свое мислење.

6. Гасите светло во тоалетот и брзо истрчувате до соба од страв некој да не ве зграби.

7. Ви ѕвони некој со кој не сакате да зборувате, па мора да чекате за повторно да играте на мобилниот.

8. Одите во продавница и кога ништо нема да купите, во глава ви поминува следнава мисла: „Ништо не украде, однесувај се нормално“.

9. Не можете да заспиете, па постојано правите пресметки уште колку часа додека да треба да станете.

Се пронајдовте?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни несреќни ситуации кои ќе ви одат на нерви иако не ви се случиле вам Тортата што требаше да го открие полот никогаш не ни даде одговор. Дали сами тре...
Смешно-тажна компилација: Луѓе кои направиле (многу) скапи грешки „Ако имате лош ден, само да ви кажам дека денес скршив старо шише вино кое чини ...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...
Смешна компилација: Фото-докази зошто треба да внимавате кога нарачувате од TEMU Чадор кој се лансира кога го отворате, слика од стол наместо стол, минијатурна м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg