Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Аптеката менза да ти биде“: Најбизарните балкански клетви

Кога нешто или некој ќе нè изнервира навистина знаеме да бидеме остри на јазик...

aptekata-menza-da-ti-bide-najsmeshnite-balkanski-kletvi-01.jpg

На Балканот навистина сме креативни кога станува збор за клетвите, а понекогаш дури одиме и во крајност.

Некои од овие клетви можеби ги знаете, додека други ќе ги чуете за првпат:

- Аптеката менза да ти биде.

- Детето од среќа во бунар да ти се фрли.

- Полицијата со креда да те црта по автопат.

- Мајка ти да си отвори Фејсбук профил.

- Ѓаволот да те изеде.

- На пивото да ти истече рокот на траење.

- Девојка ти да ти ги пушти шарените алишта на 90 степени.

- Гром да те утепа.

- Мобилниот телефон да ти се префрли на кинеско писмо.

- Да не знаеш што повеќе доцни, дали твојата плата или циклусот на твојата девојка.

- Швалерката да ти направи „шливка“ на вратот.

- На 18-тиот роденден на синот да дознаеш дека си стерилен.

- Ти да ги платиш сите трошоци за разводот.

- Рацете да ти се исушат.

- Платата да ја добиваш во железни пари на семафор.

- На надгробната плоча да ти направат печатна грешка.

- Гаврани очите да ти ги испијат.

- Сонце да не те огрее.

Прочитајте и Свекрва ти да живее 150 години: Најсмешните македонски клетви!

Би можело да ве интересира:

Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg