„Сум немала секс само со тој што го мрзело да праша... Да, ќе се мажам!“

Слободан 32 години, имал секс со 2 девојки, во животот вкупно има испиено половина гајба пиво се жени за Тамара која...

sum-nemala-seks-samo-so-toj-shto-go-mrzelo-da-prasha-da-kje-se-mazham-01-.jpg

На свадбениот ден на Слободан и Тамара...

Матичарката:

Дали вие Слободан ја земате за сопруга Тамара?

Слободан (на кој пред очите му се врти ретроспектива од неговиот дотогашен живот): 32 години, имал секс со 2 девојки, бил на 3 луди журки, на една останал после полноќ, дури и се напил една чаша виски, инаку во животот вкупно има испиено половина гајба пиво.

Можеби е подобро да не се женам, да проживеам уште малку, но не знам да готвам, да перам, да пеглам, смотан сум, ќе остарам, ќе бидам уште погрд, никој нема да ме сака, а и оваа едвај ме прифати...

Од мислите се враќа во реалноста:

ДА!

Гостите аплаудираат.

Матичарката:

Дали вие Тамара го земате за сопруг овде присутниот Слободан?

Тамара (на која пред очите и се врти ретроспектива од досегашниот живот): 27 години, имала секс ниту сама не знае со колку мажи, спиела на стол во кафеана, се качи на Хималаите по патувањето со автостоп до Тибет, го минала половина живот на журки, пиела, се забавувала, па рано е уште да се мажам, животот е толку убав кога го живеете хедонистички.

Но, сепак тој има пари, верен е, чесен, ако него го испуштам мора да се вратам во своето родно место затоа што немам пари, а таму нема никогаш да се омажам затоа што сум немала секс само со оној кој го мрзело да праша...

Од мислите се враќа во реалноста:

ДА!

Еуфорија на сватовите, честитање, сликање, бакнување.

И така си живееја среќно до крајот на животот.

Извор

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg