6 мрачни шеги кои не се за луѓе со слабо срце


6 мрачни шеги кои не се за луѓе со слабо срце

Дали понекогаш се шегувате на чувствителни теми и луѓето ви велат „Како може тоа да ти биде смешно? Језив/а си!“

5-mrachni-shegi-koi-ne-se-za-lugje-so-slabo-srce-01.jpg

Дали сметате дека некои луѓе имаат болна или непријатна смисла за хумор или пак и вие сте меѓу нив?

Ако сте меѓу нив, овие мрачни шеги ќе ви се допаднат:

Копав во мојата градина и пронајдов ковчег со злато. Возбуден, одлучив да влезам дома и да ѝ кажам на жена ми. Но, тогаш се сетив зошто всушност излегов за да копам дупка.

5-mrachni-shegi-koi-ne-se-za-lugje-so-slabo-srce-02.jpg

Двајца пријатели отишле на лов во шумата. Одненадеж едниот паднал на земјата. Неговиот пријател се јавил во брза помош.

„Мислам дека мојот пријател е мртов“, низ солзи кажал тој.

„Останете смирени“, му рекол операторот. „Прво, треба да проверите дали тој е навистина мртов.“

Човекот престанал да зборува, операторот слушнал истрел од пушка.

„Готово“, рекол човекот. „Што да правам сега?“

5-mrachni-shegi-koi-ne-se-za-lugje-so-slabo-srce-04.png

Мојата баба, која има проблеми со меморијата, обожаваше да кажува шеги.

Таа ќе почнеше со: „Чук, чук, кој е таму?“

Потоа ќе кажеше „Не можам да се сетам“ и ќе почнеше да плаче.

5-mrachni-shegi-koi-ne-se-za-lugje-so-slabo-srce-05.jpeg

Маж отишол во библиотека и побарал книга со совети како да изврши самоубиство. Библиотекарката му рекла: „Не може, нема да ми ја вратиш.“

Маж оди со момче во шумата.

Момчето му вели: „Господине, се стемнува, исплашен сум!“

Мажот му одговара: „Што мислиш мене како ми е? Треба да се враќам сам назад.“

5-mrachni-shegi-koi-ne-se-za-lugje-so-slabo-srce-06.jpg

На прв состанок момче ѝ вели на девојката: „Јас работам со животни секој ден“.

Таа му одговара: „Колку слатко... Што работиш?“

Тој: „Kaсап сум“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои сигурно имаат полош ден од вашиот (фото) Сите понекогаш имаме лоши денови кога се соочуваме со работи за кои помислуваме ...
Добро, старо ретро - Најсмешните вицови за полицајци Откако се потсетивме на никогаш здодевните видови за плавушитеред е да ги с...
Кога „не ти оди“ англискиот: Луѓето во Кина немаат поим што носат (фото) Еден странец кој одредено време живеел во Кина видел прилично необични работи. А...