Момче од Тајланд е хит на социјалните мрежи со неговите нискобуџетни косплеј трансформации (фото)


Момче од Тајланд е хит на социјалните мрежи со неговите нискобуџетни косплеј трансформации (фото)

Ануча Саенгчарт, познат како Lonelyman, стана популарен благодарение на неговиот нискобуџетен косплеј. Користејќи секојдневни предмети од неговиот дом, тој се трансформира во популарни ликови од филмови, аниме и видео игри, славни личности, па дури и предмети и животни. А, резултатот е пресмешен.

mlado-momche-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-negovite-niskobudzhetni-kosplej-transformacii-foto-01.jpg

Ануча ги споделува неговите фотки на Инстаграм, каде што веќе има 1 милион следбеници, но и на Фејсбук каде што го следат дури 5 милиони корисници.

31-годишниот Ануча користи храна, боја за тело, а некогаш и неговите мачки. Неретко користи и практични визуелни ефекти, како огледала и фотографирање од одредена перспектива, па за него слободно може да се каже дека е креативен гениј.

mlado-momche-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-negovite-niskobudzhetni-kosplej-transformacii-foto-05.jpg

Ануча живее во Тајланд, а ја направил Фејсбук страницата во 2013 година. Тој период работел како негувател во дом за стари лица, но кога сфатил дека станува доста популарен, си дал отказ и целосно се посветил на ова забавно хоби.

mlado-momche-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-negovite-niskobudzhetni-kosplej-transformacii-foto-02.jpg

Наводно, првпат ја добил идејата за нискобуџетен косплеј кога здогледал куп крпи кои го инспирирале да се преправи во лик од популарното аниме Dragon Ball. Фејсбук корисниците веднаш се вљубиле во неговата креација, а ова го мотивирало да продолжи.

mlado-momche-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-negovite-niskobudzhetni-kosplej-transformacii-foto-04.jpg

Нормално, неговите косплеј креации се далеку од совршени, но токму тоа ги прави посебни и смешни.

mlado-momche-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-negovite-niskobudzhetni-kosplej-transformacii-foto-03.jpg

Погледнете дел од најдобрите фотки на Ануча:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни работи кои повеќето мажи ги прават, а на жените им одат на нерви (фото) Многупати сме докажале дека мажите и жените се сосема различни, како да припаѓаа...
Зошто Кајли Џенер постојано гледа во земја? (фото) Дали сте забележале дека на некои фотки на Инстаграм, Кајли Џенер секогаш зјапа ...
„Добрата сопруга секогаш си го знае нејзиното место“ - Прирачник од 1955 година за добра домаќинка Фасцинантно е кога дознаваме како луѓето живееле порано, особено кога откриваме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg