Хумористични видеа: Астронаутите во вселената глумат Олимписки игри во бестежински простор

Сакајќи да ја разбијат монотонијата, астронаутите на Меѓународната вселенска станица си организираа „Вселенски олимписки игри“ и се натпреваруваа во четири „дисциплини“. Тие си доделија и медали, а на Твитер споделија и урнебесни видеа од игрите.

i-astronautite-znaat-kako-da-se-zabavuvaat-smeshni-videa-od-vselenskite-olimpiski-igri-na-megjunarodnata-vselenska-stanica-01.jpg

Моментално на Меѓународната вселенска станица има седум астронаути кои првпат во историјата организираа „Вселенски олимписки игри“. Се разбира, сето ова е само за забава, но астронаутите велат дека сепак си доделиле и медали.

Седумте астронаути се поделиле во два тима според леталото со коешто стигнале на станицата. Тимовите се викаат Soyuz и Dragon.

Астронаутот Томас Пескет сподели и смешни видеа од натпреварите на Твитер.

Мисијата на сегашниот екипаж на Станицата трае околу шест месеци, па астронаутите сакале да направат нешто што ќе им ја разбие монотонијата.

„Се справуваме со фрустрацијата со хумор“, изјави астронаутот од екипажот за Insider.

Погледнете како изгледаа вселенските олимписки игри:

Според астронаутите, првиот натпревар бил „уметничко пливање во бестежинска состојба“, каде што секој нив изведува разни акробации без да допре дел од Станицата.

Вториот натпревар е можеби најсмешниот и е наречен „одбојка без раце“. Овојпат астронаутите бркаат мало топче низ станицата, но не го допираат, туку го движат со дување.

Третиот натпревар е „синхронизирано вселенско пливање“. Во описот на видеото, астронаутот Томас вели дека ова била одлична можност да покажат дека сите се тимски играчи.

Четвртиот натпревар е стрелање – астронаутите се обидуваат да погодат мета со ластик во бестежинска состојба. Како што стои во описот, за оваа дисциплина се потребни голема концентрација и вештини, но во овој случај и среќа.

На крај, тие направија и церемонија со која официјално го обележаа завршувањето на Вселенските олимписки игри.

https://twitter.com/Thom_astro/status/1424278282300702720

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна компилација: Што сè прават луѓето за интернет слава? Тверкање среде улица, бизарно танцување во супермаркет, неуспешни обиди за прово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg