Речениците ѝ започнуваат со „Слушај…“, има очи и на грбот – 10 причини зошто не треба да се ожените со професорка

Учителката која се претставува како Рената Сита објавила список со 10 причини зошто не треба да се ожените со учителка, односно професорка.

10-pricini-zosto-ne-treba-da-se-ozenite-so-profesorka-01.png

Ова е оригиналната верзија на Рената, а вие добро размислете, па одлучете – дали бракот со учителка е навистина добра идеја?

1. Професорката постојано вика. А кога не вика, обично е премногу гласна. Барем за 10 децибели. Речениците често ѝ започнуваат со „Слушај… Гледај ме додека зборувам…“ или „Ајде да го повториме тоа што го кажав!“ Таа најчесто ги прекинува другите додека разговараат, со прашањето „Добро, ама сега објасни – зошто?“

2. Избезумено собира сè од дома што може да ѝ притреба во училиште. Кога ќе ја прашате каде ви се клештите или алатот за лемење, знајте дека ги однела во училиштето.

3. Како што се приближува почетокот или крајот на годината, Велигден или Меѓународниот ден на планетата Земја, верувајте дека ќе ве ангажира да исечете, залепите или заковете нешто. Не дај Боже да исечете нешто надвор од линијата, алергична е на тоа!

4. Има очи и на грбот. Не можете да „избегате“ на пиво со пријателите бидејќи таа ќе ве забележи, иако изгледа крајно занесена во некакво пластифицирање. Го слуша и најтивкото шушкање подобро од був, а периферниот вид ѝ е фантастичен.

5. Децата на кои им предава ги ословува со „Мојот Марко“, Мојата Сања“… Ако сте на почетокот на врската, мора да ви биде јасно дека сите овие деца не се нејзини, но може детално да зборува за нив со часови.

6. Може да работи како испомош во архивите или полиција бидејќи препознава ракописи кои се нечитливи за останатите луѓе. Тоа е добро. Лошото е што постојано наоѓа правописни грешки и задолжително ги подвлекува со црвен молив.

7. Ако сте не дај Боже син или ќерка на учителка, црно ви се пишува. На училиште сите ќе мислат дека таа ти ја напишала анализата за лектирата, дека некаде дома имаш примерок од тестот по физика или дека другите професори ти напишале 5-ка само за да не се замерат со неа. Едвај го чекаш средното училиште каде никој не знае што работи мајка ти, па слободно можеш да излажеш дека е скротувач на лавови без око да ти трепне.

8. Секогаш го знае точниот датум на сè. Не само на тековниот ден, туку и на секој друг важен ден, годишнина и слично. Ако знае точно кога е меѓународниот ден на чоколадните колачиња, верувајте ми знае кога е вашата годишнина.

9. Таа е способна да ги убеди децата во одделението дека расипаната светилка е всушност камера која снима како децата се однесуваат за време на големиот одмор. Таа, воедно, ладнокрвно може да ве убеди дека новите чевли од тековната сезона (кои сè уште имаат висока цена) се всушност стари и дека ги купила предминатата година на попуст, но едноставно не ги носела никогаш досега.

10. Таа е многу емотивна личност. Плаче и се потресува на тажни реклами, гледа долгометражни цртани филмови, има извонредна контрола на мочниот меур и калибрирана е точно на 45 минути за сите настани. 

Но, вистината е дека наставниците имаат срца со големина на лубеница. Тие искрено го сакаат своето мало училишно семејство, ги сакаат луѓето и веруваат во подобро утре.

Тие веруваат дека нивните малечки еден ден ќе бидат успешни и среќни луѓе и дека тие се едно мало делче кое одиграло важна улога во тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
16 работи кои се толку лошо изведени, што нема да ви се верува дека некој земал плата за нив (фото) Избетонирани шахти, извиткани цевки, наместена тоалетна школка без простор за се...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg