7 знаци дека сте токсична личност (и како да го промените тоа)

Никогаш не сте среќни за другите и никогаш не преземате одговорност за вашите постапки и грешки – Кои се другите знаци дека сте токсична личност, но и како да се ослободите од овие негативни карактеристики? 

7-znaci-deka-ste-toksichna-lichnost-i-kako-da-go-promenite-toa-01.jpg

Иако секогаш е полесно да ги обвинуваме другите, некогаш проблемот сме самите ние.

Негативните чувства, како љубомора, на кои им дозволуваме да нè надвладеат можат да нè претворат во токсична личност.

Седум знаци дека вие спаѓате овде:

Никогаш не сте среќни за другите

Доколку не можете да се радувате за успесите и достигнувањата на другите, ова значи дека не сте задоволни од вашиот живот и не се чувствувате исполнето. Истовремено, ова ве прави токсична личност.

Ако моментално минувате низ тежок период, може да биде тешко да бидете среќни кога на другите сè им оди по план.

Но, кога сте љубоморни, па и разочарани поради туѓата среќа, само ја „храните“ вашата токсичност.

Кога ќе се соочите со овие негативни чувства, добро би било да размислите од каде потекнуваат.

Ви пречат сите околу вас

Ако ви пречат сите луѓе околу вас, тогаш можеби вие сте проблемот, а не другите.

Нормално е да има луѓе кои не ви се допаѓаат, но ако имате замерки за буквално сите околу вас, вклучувајќи ги и најблиските, тогаш најверојатно вие сте токсичната личност.

7-znaci-deka-ste-toksichna-lichnost-i-kako-da-go-promenite-toa-07.jpg

Никогаш не преземате одговорност

Ако вие секогаш сте во право и секогаш виновникот е некој друг, ова е уште еден знак дека сте токсична личност.

Дури и кога ќе погрешите, вие секогаш имате изговор кој е неповрзан со вас лично – ги обвинувате лошите околности, можеби лошото детство, лошите луѓе околу вас и слично.

Точно е дека некогаш правиме грешки поради надворешни фактори.

Но, ако вие никогаш не се чувствувате одговорни за вашите грешки, време е да го промените тоа.

Не постои безгрешна личност, и тоа е сосема во ред. Она што е важно е да си ги признаете грешките, да се извините, и да пробате да не ги повторите.

Сметате дека секогаш сте во право

Дали секогаш имате замерки за одлуките и изборите на другите? Дали сте сурови со вашите критики, па можеби дури и сакате да ги контролирате луѓето околу вас?

Сето ова произлегува од помислата дека вие сте секогаш во право, дека вие знаете најдобро. А, ова е уште една токсична карактеристика која само ви штети.

Прифатете дека дефинитивно не знаете сè, но и дека одлуките и мислењата на другите некогаш се правилни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава