Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија

Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравме дека Македонија во Библијата е спомената околу 30 пати. И токму поради тоа, сета благодат е многу голема за да може да се објасни и посведочи само во едно писание, а камоли две. Потребно ќе биде повеќе, за да се доловат сите чуда и лековити места кои се кријат во прегратките на оваа наша прекрасна земја.

vtor-del-lekoviti-mesta-vo-makedonija-skrieni-crkvi-isceliteli-blagodatni-izvori-001.jpg

Чудата можат да се случат и во домот на секој верник, на секој православен христијанин. Секој ден од нашиот живот е едно чудо, кое само треба да го почувствуваме подлабоко, за да го разбереме вистински. Чудата се случуваат преку светите места, преку иконите, преку молитвата, преку моштите на светителите, преку чудотворните извори, и што уште не. Постојат бројни сведоштва за излекувани луѓе од тешки физички и психички заболувања.

Колку повеќе и колку подлабоко „копавме“ за да дознаеме за чудотворните места, толку повеќе бевме фасцинирани од богатството кое го крие нашата Македонија. Тоа се кладенци и кладенци од непресушни вистини, приказни, сведоштва.

Кои се едни од најсветите места во нашата земја?

Црква Свети Ѓорѓи, Кисела Вода

Кога првпат решив да истражувам за ова писание, односно за лековити места во Македонија, не ни помислив што можеше да откријам, посебно на местото кое ми е во соседство.

Не многу често (два до трипати годишно) ја посетувам црквата Свети Ѓорѓи во Кисела Вода. Имено, постоењето на црквата се поврзува со времето на царот Јустинијан во почетокот на 6 век. Се наоѓа до изворот на киселата вода, каде што е и црквата посветена на Светиот Никита.

Последниот пат кога бев да ја посетам имав некаква среќа да можам да седнам да поразговарам со една стара бабичка. Ми раскажуваше како цел живот доаѓа токму во таа црква и, колку и да не може, сепак се труди да ги посетува богослужбите.

„Оваа црква е многу света“, ми рече тивко. „Ама никој не зборува за тоа. Ова го знаат и главните, многу е света. Јас знам за многу луѓе кои се излечиле од водата“.

На долниот дел од црквата се наоѓаат чешми од изворска вода. Со малку истражување и разговор со сопствениците на соседните куќи, успеав да дознаам дека станува збор за вода која помага за многу болести. Од слепило, до срцеви болести, до што уште не.

Бабата продолжува да ми кажува: „Има и еден човек кој доаѓа тука, и лечи. Ете Бог му дал него дарба за да може да лечи. Им помага на луѓето“.

Ја прашав што уште може да ни каже, односно открие за оваа црква, но само ми повтори уште еднаш дека е многу свето место, и дека луѓето треба што почесто да ја посетуваат. Посебно оние кои си бараат лек од некоја болест.

Vtor-del-lekoviti-mesta-vo-Makedonija-skrieni-crkvi-isceliteli-blagodatni-izvori-03_copy.jpg

Црква Света Петка, Велес

Црквата Света Петка се наоѓа на јужниот излез од Велес, односно блиску до манастирот Свети Димитриј. На самиот почеток ова било само параклис, за во 2011 година да е завршена големата црковна градба.

Не се знае точната година кога параклисот бил првично изграден, но се претпоставува дека е од понов период. Во новиот голем и современ црковен објект има целосен фрескоживопис на ѕидовите во внатрешноста, во кој е вграден и зачуван параклисот.

Голема централна точка во внатрешноста на црквата е природниот извор на вода за која велешани веруваат дека има исцелителна моќ.

И за тоа дури и јас како велешанец можам да посведочам за сите тврдења на луѓе кои си нашле спас од тие води. Уште од мал, заедно со моите родители, често ја посетувавме оваа црквичка. Уште од тогаш слушавме приказни како многу луѓе се имаат излечено од природниот извор.

Имено, во коритото полно вода се слеваат извори од три води. Тие три води извираат од трите светилишта, односно од Света Петка, Свети Димитриј и Свети Никола.

Доаѓаат луѓе од цела Македонија за да нацрпат вода од кладенецот. Многу од нив си нашле исцеленија за нивните болести.

Луѓе тврдат дека си нашле душевен мир, лечење на очни, срцеви, бубрежни болести, како и многу, многу други.

Vtor-del-lekoviti-mesta-vo-Makedonija-skrieni-crkvi-isceliteli-blagodatni-izvori-04_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg