Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Бизарниот случај на Шери Папини: Лажела дека е киднапирана за да биде со љубовникот, ја барале 3 седмици

Откако била пронајдена, на почетокот Шери одбивала да разговара со надлежните. Им рекла дека луѓето кои ја киднапирале ѝ се заканиле дека ќе ѝ наштетат.

Сепак, Шери им кажала на детективите дека била киднапирана од две жени со латиноамериканско потекло. Едната била постара, а една помлада, а и двете зборувале шпански.

За време на второто интервју со детективите, Шери им кажала дека жените ѝ се заканиле со пиштол, а потоа ја чувале во комбе заврзана со синџири.

Детективите не можеле да извлечат ништо корисно од Шери, па им требала цела година за да успеат да направат барем скица за потенцијалните осомничени.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-06.jpgСкицата од осомничените жени направена според описот на Шери

Во потрагата по напаѓачите се вклучиле и агенти од ФБИ, а по некое време почнале да се сомневаат во она што го кажувала Шери.

На пример, таа дала неколку различни објаснувања за цитатот до Библијата кој ѝ бил врежан на рамото. Сомнителни им биле и другите нејзини нејасни изјави.

По детална анализа, на облеката што ја носела Шери на денот кога ја нашле биле најдени остатоци од ДНК од маж.

Детективите утврдиле дека пред да биде киднапирана, Шери била во контакт со неколку мажи, па почнале да ги испрашуваат.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-11.jpg

Тогаш дознале дека Шери имала навика да лаже, но и да исчезнува кога ќе се соочела со посериозен проблем.

Покрај тоа, Шери неколкупати ги изневерувала нејзините поранешни дечковци.

Дури во 2020 година, надлежните откриле на кого припаѓа ДНК-та што ја пронашле на облеката – Џејм Рејес кој бил поранешно момче, односно љубовник на Шери.

Џејмс бил испрашан од полицијата и на почетокот тврдел дека ја немал видено Шери со години. Сепак, по некое време признал дека таа му побарала помош.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-03.jpg

Имено, Шери му рекла дека сопругот Кит ја малтретира и сакала да се скрие од него.

Џејмс не знаел дека Шери лаже, па решил да ѝ помогне.

На денот на „киднапирањето“, таа му рекла да изнајми автомобил и да ја земе. Тие возеле девет часа до неговиот стан и останале таму неколку седмици.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-02.jpg

Џејмс открил и дека Шери самата си ги нанела повредите, а му рекла тој да ѝ го вреже цитатот од Библијата.

По признанието на Џејмс, Шери и сопругот Кит повторно биле повикани во полиција.

Кога Кит дознал што се случило, бил толку шокиран што ја напуштил собата за испрашување. Во 2022 година, поднел барање за развод.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-13.jpgКит и Шери на разговор со детективите откако се дознала вистината

Кратко потоа, Шери била уапсена и обвинета за лажирање на киднапирање.

За медиумите, обвинителите изјавиле дека истрагата за лажното киднапирање чинела 300.000 долари кои се платени од граѓаните кои плаќаат данок и дека Шери ќе одговара и за тоа.

Шери го признала делото и во септември 2022 година ѝ била изречена 18-месечна казна затвор, како и парична казна во износ од 300.000 долари.

bizarniot-sluchaj-na-sheri-papini-lazhela-deka-e-kidnapirana-za-da-bide-so-ljubovnikot-ja-barale-3-nedeli-04.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg