8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка

„Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој татко треба да ѝ ги кажува на својата ќерка додека е мала?

8-raboti-sto-sekoj-tatko-treba-da-i-gi-kaze-na-svojata-kerka-01.jpg

Татковците често се првиот пример за маж и машки идол за нивните ќерки, личности кои помагаат секоја девојка да го обликува својот поглед кон светот, луѓе од кои гледаат како мажот комуницира и се однесува со жената.

Работите кои татковците ги прават заедно со своите ќерки се важни.

Но, подеднакво важни се и работите што тие им ги кажуваат.

Ова се 8 работи што секој татко треба да ѝ ги каже на својата ќерка:

„Те сакам“.

Љубовта на таткото е безусловна. Таа дава чувство на сигурност, поврзаност и води кон здрави врски. Затоа секој ден потсетувајте ја својата ќерка колку ја сакате.

„Прекрасна си“.

Добриот татко ѝ посветува многу внимание на својата ќерка – ја слуша, си игра со неа, ѝ создава чувство на здрава самодоверба.

Како вие ја третирате својата ќерка ќе ѝ покаже како треба да ја третираат мажите понатаму во животот.

„Во ред е да си тажна или лута. Не е во ред тагата и лутината да не ти поминуваат“.

За ќерката да ги сфати емоциите, мора да ги доживее.

А таткото треба да ја научи како да се носи со нив, како да ги разбере и како да ги контролира.

„Почитувај ја мајка ти“.

Начинот на кој мажот ја третира сопругата ѝ покажува на ќерката како треба да се третира жената.

Избегнувајте караници, не се жалете и не покажувајте непочитување пред ќерката.

Ако вие ја почитувате сопругата, ќерката уште повеќе ќе ја почитува својата мајка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава