Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две студентки од Холандија

Крис и Лисен од Холандија исчезнале кога отишле на популарна планинарска патека во Панама. На нивниот фотоапарат имало морничави фотографии, а подоцна биле најдени и нивните коски расфрлани покрај река. Коските на едната девојка биле избелени, односно најверојатно третирани со хемиски средства...

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-01.jpg

Смртта на Крис Кремерс и Лисен Фрун е мрачна мистерија што скоро 10 години ја буни и јавноста, но и детективите.

Младите девојки отишле на прошетка во природа во Панама, каде што исчезнале.

Со недели никој не занел што им се случило, сè додека не бил најден ранецот што го носеле, чудни фотографии на нивниот фотоапарат, но и делови од нивните тела.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-03.jpgЛисен Фрун (лево) и Крис Кремерс (десно)

Што им се случило на Крис и Лисен и дали има барем некој осомничен?

21-годишната Крис Кремерс и 22-годишната Лисен Фрут од Холандија решиле да одат во Панама. Дел од патувањето требало да биде одмор, а дел волонтерска работа.

Тие пристигнале на 15-ти март 2014 година, две недели патувале низ државата, а на 29-ти март отишле кај локално семејство.

Девојките планирале да отседнуваат кај семејството околу еден месец, како волонтери кои ќе помагаат во грижа на деца.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-02.jpgФотографија од девојките на 1-ви април, пред да исчезнат

Во близина на гратчето во коешто отседнувале се наоѓа El Pianista – популарна планинарска патека во Панама.

На 1-ви април, тие го напуштиле домот на семејството и се упатиле кон патеката.

На нивните Фејсбук профили напишале дека планираат да ја истражат областа, како и дека појадувале со двајца Холанѓани пред да тргнат по популарната патека.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-10.jpgФотографија од девојките на 1-ви април, пред да исчезнат

Според некои извори, со нив понеле и куче кое му припаѓало на сопственик на ресторан, но ова не е потврдено.

Според овие извори, сопственикот на ресторанот се загрижил за девојките кога ноќта кучето се вратило само.

Додека биле во Панама, девојките постојано се допишувале со нивните родители. Но, на 1-ви април не им испратиле пораки.

Следното утро, на 2-ри април, тие требало да се сретнат со локален туристички водич, но не се појавиле.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-11.jpgДел од областа во којашто исчезнале

Тогаш се јавила загриженост дека им се случило нешто, а неколку дена подоцна и нивните родители пристигнале во Панама.

Надлежните спровеле 10-дневна потрага низ целата шума, но од девојките немало никаква трага.

Истовремено, нивните родители понудиле награда од 30.000 долари за какви било информации за нив.

Но, и ова се покажало безуспешно.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-12.jpgДел од спасувачката екипа со куче

Кога сите почнале да губат надеж дека ќе најдат што било, случајот се заплеткал уште повеќе

На 14-ти јуни, околу 10 недели по исчезнувањето на девојките, жена која живеела во областа го нашла ранецот на Лисен покрај брег на река.

Во ранецот имало два пара очила, пасошот на девојката, нејзиниот фотоапарат, како и смартфоните на двете девојки кои биле во добра состојба.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава