Првпат забременила на 15 години, имала бројни афери – Која била Маргарет Кембел, „најперверзната“ војвотка во светот?

Маргарет Кембел од Шкотска имала само 15 години кога за првпат забременила. „Најперверзната“ војвотка на светот го изневерила сопругот со дури 88 љубовници, но денес постои верување дека мажите биле хомосексуалци, а таа само ги штитела од затворска казна. Како Маргарет ја стекнала својата репутација?

imala-8-abortusi-a-soprugot-go-izneverila-so-88-ljubovnici-margaret-kembel-e-proglasena-za-najperverzna-vojvotka-na-svetot-01.jpg

Во историјата на кралските семејства постојат многу интересни и сочни секс-скандали, додека титулата „најперверзна војвотка на сите времиња“ и понатаму ѝ припаѓа на Маргарет Кембел, односно војвотката од Аргил.

За нејзините скандали дури е снимена и серија, како и бројни документарни филмови.

Маргарет била сензација во 1930-тите.

Таа била слободоумна жена која сама одлучувала во кој ќе се заљуби.

Иако не била родена како аристократка, благодарение на нејзиниот шарм се омажила за војвода, а потоа почнала да реди скандали за кои и денес со интерес се раскажува.

imala-8-abortusi-a-soprugot-go-izneverila-so-88-ljubovnici-margaret-kembel-e-proglasena-za-najperverzna-vojvotka-na-svetot-02.jpg

И покрај тоа што е родена во едно од најбогатите семејства во Шкотска во тоа време, не се грижела многу за имиџот и често била дел од љубовни скандали.

Како единствено дете на Џорџ Хај Вигам и Хелен Мен Ханај, таа пораснала во луксуз.

Нејзиниот татко заработил милиони како претседател на корпорацијата Fortune 500 Celanese.

Во Њујорк поминала 14 години и таму се стекнала со обрзование.

Се чини дека токму животот во Њујорк направил таа да има полиберален пристап кон работите кои во тоа време биле табу во нејзината земја.

Таа имала само 15 години кога за првпат забременила од тогаш 18-годишниот Дејвид Нивен, кој бил филмска ѕвезда. 

imala-8-abortusi-a-soprugot-go-izneverila-so-88-ljubovnici-margaret-kembel-e-proglasena-za-najperverzna-vojvotka-na-svetot-08.jpg

Татко ѝ ѝ наредил да абортира и таа љубов завршила.

Набргу потоа младата Маргарет се верила со принцот Али Кан, угледен дипломат. 

Меѓутоа, и таа љубов не траела долго. Родителите ги разделиле поради различната вера.

Маргарет во тие години имала уште две афери со влијателни, посакувани млади луѓе, но на крајот се заљубила во богатиот американски голфер Чарлс Свини. 

imala-8-abortusi-a-soprugot-go-izneverila-so-88-ljubovnici-margaret-kembel-e-proglasena-za-najperverzna-vojvotka-na-svetot-04_copy.jpg

Во 1933 година, парот разменил брачни завети на гламурозна венчавка во Лондон, која била прогласена за спектакл на годината.

На неа присуствувале 2.000 гости, а уште 3.000 луѓе го окупирале влезот на зградата во која се одржувала прославата - сè со цел да ги видат младенците.

„Периодот помеѓу 1930 и 1933 година постојано имаше веселби и забави. Тоа беше рај. Вистински рај. Три забави во една вечер. Ниедна сериозна мисла во глава. Блаженство.

Мислам дека никој никогаш не се забавувал толку добро како мене. Никој, никој, никој“, изјавила војвотката во една пригода.

Со Свини останала во брак до 1947 година, а во текот на тие 14 години имала дури осум спонтани абортуси и родила едно мртво дете.

На крајот конечно успеала да стане мајка на три деца.

imala-8-abortusi-a-soprugot-go-izneverila-so-88-ljubovnici-margaret-kembel-e-proglasena-za-najperverzna-vojvotka-na-svetot-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава