Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот

Множење со 6, 7, 8 и 9 со помош на прсти

Таблиците за множење со помалите броеви се лесни, а најголемиот број ученици имаат проблем кога треба да множат со броеви поголеми од 6. Овој лесен трик со множење со помош на прсти може да ви биде добредојден.

Свртете ги двете дланки кон лицето. Именувајте го секој прст и на двете дланки со една цифра од 6 до 9. Притоа малите прстиња на двете дланки треба да бидат именувани со бројот 6, а палците со бројот 10.

Ако сакате да помножите 7X8, тогаш треба да ги допрете прстите од двете раце именувани со бројот 7 и 8 (како на фотографијата).

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-06.jpg

Избројте го бројот на прсти што ви остануваат во долниот дел, заедно со двата прста што се допираат и така ќе го добиете бројот на десетките. Ако имамт 5 прсти, тогаш бројот на десетките е 50.

За да го добиете бројот на единиците, потребно е да го помножите бројот на прсти од левата со бројот на прсти од десната рака што останале во горниот дел над допрените прсти. Оттука 3 x 2 е 6.

50+6=56 или 7X8=56.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-10.jpg

Множење со 9

Постои мошне едноставен трик за множење со 9. Испружете ги двете дланки и секој прст именувајте го со една цифра, од 1 до 10.

За да го добиете резултатот, потребно е да го свиткате прстот што го означува бројот што го множите со 9.

Прстите што се наоѓаат пред свитканиот прст го даваат бројот на десетките, а бројот на прстите по него го даваат бројот на единиците.

Така, за да помножите 7x9 свиткајте го седмиот прст. Пред него имате 6 прсти, што значи 60 и по него имате уште 3 прсти, па тоа значи дека резултатот е 63.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-07.jpg

Должина

Ако немате линијар, а ви треба отприлика да измерите димензии, тогаш тоа можете да го направите со помош на дланките.

Според средните човечки пропорции, вообичаената оддалеченост помеѓу врвот на палецот и врвот на показалецот е околу 18cm, а од врвот на палецот до врвот на малиот прст 20cm.

Сепак, ова не може да се смета за сосема точно мерење затоа што секој од нас е различен во поглед на димензиите на рацете.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-08.jpg

Како да ги одредите степените на аглите?

Раширете ги прстите на дланката колку можете повеќе. Така аголот меѓу палецот и малиот прст ќе биде 90 степени, а аглите што малиот прст ги формира со другите прсти се 30, 45 и 60 степени.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-09.jpg

 Б. С. Б.  | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg