Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер

За да ги натераат да молчат, жените биле уценувани. Односно, пред да сфатат дека се вплеткале во култ, од нив се барало да споделат засрамувачки информации за себе, вклучувајќи и фотографии на коишто се голи.

Потоа Кит ги уценувал дека ќе ги објави овие информации доколку кажат нешто за постоењето на D.O.S.

Кога реномирани американски медиум почнаа да објавуваат извештаи за сексуалните робинки, властите почнаа истрага за основачот Кит во 2017 година.

И, токму тогаш, тој избега во Мексико.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-05.jpgКит Раниер

Сепак, во 2018-та, по барање на американските власти, Кит беше уапсен во Мексико.

По ова, истрагата се прошири, по што беше уапсена и холивудската актерка Алисон Мак.

Се дознало дека Алисон била таа која го основала огранокот D.O.S., па обвинета е за трговија со луѓе, експлоатација на труд и сексуална експлоатација.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-04.jpgАлисон Мак

Беа уапсени и бројни други членови на култот за слични обвиненија, но и за перење пари, крадење идентитет, рекетирање…

Во 2019 година, Ненси Салцман, една од основачите, призна вина.

Ненси беше обвинета за кражба на идентитет и рекетирање. За ова, во 2021-ва доби затворска казна од 42 месеца.

Сведоштвото на Ненси помогнало многу во тоа да се докаже вината на другиот основач - Кит.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-09.jpg

Во 2019-та беше осудена и актерката Алисон Мек откако и таа призна вина, но само за рекетирање.

Таа призна и дека ги намамувала жените да станат дел од D.O.S. лажејќи ги дека се приклучуваат на женска група за лидерство и слично.

Сепак, Алисон не беше обвинета за трговија со луѓе и експлоатација, па доби само 3-годишна казна затвор.

Во јули годинава беше условно ослободена, по 21 месец во затвор.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-03.jpgАлисон Мак

Во 2019-та, вината ја признаа уште неколку членови на култот кои добија различни затворски казни.

Во мај истата година, почна судењето на основачот Кит.

Според поранешните членови, тој користел психолошко манипулирање и уценување за да ги натера да му се потчинат.

Дел од жените споделија и потресни сведоштва од силувањата и малтретирањето што ги претрпеле од негова страна.

На крај, Кит доби казна затвор од 120 години.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-06.jpgИлустрација од судењето на Кит

Очекувано, тој бараше ново судење и го обвинуваше судијата за корупција, но неговите барања беа одбиени.

Моментално Кит е во затвор каде што ќе остане до крајот на животот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg