Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер

Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експлоатирал членовите, а жените ги правел свои секс робинки. Притоа, ги уценувал со компромитирачки информации и фотографии од нив. Моментално тој отслужува 120-годишна казна затвор.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-01.jpg

Нексиум (NXIVM) е култ основан од сексуалниот престапник Кит Рaниер и Ненси Салцман. Култот почнал како пирамидална шема.

Основачите почнале со држење семинари за личен развој, но ова служело како фронт за нивните криминални активности.

Со текот на времето, организацијата се претворила во култ, а според сведоштвата на поранешни членови, тие биле присилени да работат, а девојките и жените биле сексуално експлоатирани.

Односно, жените биле третирани како секс робови, а на нивните тела имало жигови од иницијалите на основачот Кит Раниер. Тие биле присилувани да имаат односи со него.

Дел од култот беше и американската актерка Алисон Мак (најпозната по серијата Smallville) која имала голем удел во криминалните активности.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-10.jpg

Како навидум безопасните семинари прераснале во секс култ и како беа фатени основачите?

Пред да го основа култот, Кит Раниер имал бизнис кој всушност бил пирамидална шема. Поради ова, бил осуден и платил казна од 40.000 долари.

Ненси Салцман, пак, била медицинска сестра во психијатриска установа.

Во 1998 година, Кит и Ненси ја основале компанијата NXIVМ (Нексиум) преку која нуделе програми и техники за личен развој.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-11.jpgКит Раниер

Тие тврделе дека преку нивните семинари луѓето ќе имаат посреќни животи.

Оттогаш до затворањето на основачите, над 18.000 луѓе ги посетиле семинарите и работилниците на Кит и Ненси.

Дел од нив отишле само еднаш-двапати, но дел почнале да го следат и возвишуваат Кит, нарекувајќи го најдобриот човек во светот.

Семинарите привлекувале богати Американци, од кои подоцна Кит и Ненси изнудувале пари.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-02.jpgНенси Салцман

Но, до неодамна, никој однадвор не знаел како навистина изгледаат семинарите бидејќи Кит и Ненси тврделе дека нивните техники се тајни. Поради ова, секој кој ги посетувал семинарите потпишувал изјава дека нема да каже ништо.

Во 2003-та, неколку американски медиуми наводно допреле до програмите на Кит и Ненси и објавија колумни во кои тврдат дека семинарите се „перење на мозокот“, а дека самата организација е култ.

Гласините за она што се случува зад затворени врати постоеја со години, но дури во 2017-та вистината почна да излегува на виделина.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-07.jpgДел од членовите на култот

Дотогаш, неколку поранешни членови на организацијата побарале од властите во државата Њујорк да направат истрага во врска со Нексиум.

Повеќето поплаки се фокусирале на таен огранок во организацијата, познат како D.O.S. Името на огранокот е всушност акроним од латинска фраза која може да се преведе како „Господар на потчинетите женски придружнички“.

Оние кои биле дел од D.O.S. всушност биле жени кои биле третирани како сексуални робинки за основачот Кит. Нивните тела биле жигосани со иницијалите на Кит.

zhenite-mu-bile-seks-robinki-gi-zhigosuval-so-negovite-inicijali-mornichaviot-kult-na-kit-reiner-08.jpgЕдна од жртвите на Кит со жигот од неговите иницијали

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg