Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за брак

Како се одредува брачниот статус на жената?

Во нивната култура секоја жена треба да си го знае местото. 

Брачниот статус на жената се одредува со помош на големи бакарни ѓердани во облик на прстен. 

Полигамијата е нормална.

Првата жена носи најмногу ѓердани, додека секоја наредна има помалку. 

bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-07_copy.jpg

Мажот може да има четири жени. Колку повеќе стока има, толку повеќе жени може да земе.

На семејството на секоја од нив им дава подарок во вид на стока.

Тој е должен еднаш месечно да спие со сите четири жени во исто време, за да ја докаже својата машкост. 

Ако првата жена не може да роди дете, следната ја презема задачата.  

Жените се облекуваат скромно, во блузи или туники од кожа од коза или овца, богато украсени со разни камења и школки.

bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-08_copy.jpg

Секоја од нив е неверојатно убава, со долг врат, прави нозе, крупни кафени очи, бели заби и истакнати усни. 

Додека шетаат низ саваната, виткото тело и грациозните движења прават да наликуваат на газели.

Сепак, немаат среќа со мажите.

Не затоа што мажите не се заинтересирани, туку затоа што ги има премалку.

Живеат пократко од жените, а природата дополнително ги изложува на опасности со диви животни или племенски борби.

bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-11.jpg

Како момчињата влегуваат во светот на возрасните?

Момчињата влегуваат во светот на возрасните преку традиционалниот ритуал наречен Укули.

Клучната задача е момчето да оди помеѓу 12 и 20 бикови кои стојат еден до друг, без да падне.

Ако момчето не успее во овој предизвик, тој станува товар и срам за своето племе и мора да чека една година за да ја повтори церемонијата. 

Ако го помине тестот, тој се смета за возрасен и подготвен да се ожени.

Натпреварувачот во предизвикот влегува целосно гол, но пред да го направи тоа, прво го чисти своето тело со ќебе направено од кравји измет измешан со песок, за да си ги исчисти гревовите.

bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-10.jpg

Жените и мажите го украсуваат своето тело со бројни слики за оваа пригода. 

Церемонијата  Укули е и можност за поврзување меѓу мажите и жените, особено за време на заедничките ора. 

Ако девојката покаже интерес за момче, таа едноставно го клоца или тепа.

 bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-02.jpg

Тест за идната сопруга

Пред да стапи во брак, мажот мора да ја подложи кандидатката за жена на специфично испитување.

Овој тест вклучува барање тенки гранчиња кои жената му ги дава на мажот.

За време на ритуалот жената се камшикува со посебен вид стап и не смее да покажува знаци на слабост. 

Не смее да плаче или да покажува болка.

Ако го помине овој тест, таа се смета за трпелива и може да се венча.

Камшикувањето е ритуал со кој младите жени ја докажуваат својата посветеност на мажите. 

bizarni-obichai-na-afrikanskoto-pleme-hamar-zenata-se-kamshikuva-za-da-dokaze-deka-e-dostojna-za-brak-09.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: magdazelewska.com 



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава