Лајк - дислајк инспирација

lajk-dislajk-inspiracija-povekjeЦело време додека Цукерберг брои пари, ние обичните смртници си се опседнуваме со лајкнување. Обичниот лајк стана толку голем феномен...


...што го надрасна и родниот фејсбук, па почна да освојува нови територии.

Иако залудно се надевавме на дислајк опција на фејсбук, лајк го доби својот противник во форма на обичен печат.

lajk-dislajk-inspiracija-1

Овие „ми се допаѓа-не ми се допаѓа“ печати би можеле да се користат на работа, а особено би им заштедиле време на професорите кои имаат куп тестови за оценување :) 

lajk-dislajk-inspiracija-2

lajk-dislajk-inspiracija-3

Манжетниве дозволуваат да си го искажете мислењето без да го прекинете соговорникот. Само кренете рака :)

lajk-dislajk-inspiracija-4

Кафе или чај? Дозволете шолјата да зборува наместо вас. 

lajk-dislajk-inspiracija-5

lajk-dislajk-inspiracija-6

Лајкот влезе и во честитките, па сега на саканите им се подаруваат вакви картички.

lajk-dislajk-inspiracija-7

Лајк касичката за лична заштеда може да се употреби и за собирање донации и оставање бакшиш. (На келнерот му се допаѓа ова)

lajk-dislajk-inspiracija-8

Налепниците се уште еден начин да лајкнете нешто надвор од фејсбук. 

lajk-dislajk-inspiracija-9

Тие нудат најмногу можности за употреба, а еден графички дизајнер реши да ги искористи токму вака

lajk-dislajk-inspiracija-10

lajk-dislajk-inspiracija-11

И како конечен доказ дека фејсбук го покори целиот свет, му дозволивме на лајкот да ни се шета низ дневна. Со овие стикери самиот ѕид може да раскаже кои ви се омилени гости и што сакате да правите на вашиот кауч. Знаевме дека ѕидовите имаат уши, ама не мораа и да почнат да зборуваат!

lajk-dislajk-inspiracija-12

lajk-dislajk-inspiracija-13

lajk-dislajk-inspiracija-14

Останува уште некој да се истетовира на чело, нели?

lajk-dislajk-inspiracija-15

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко... „На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
Најчитани интервјуа на CRNOBELO во 2025: Љубовни приказни, успешни Македонци во странство, животни б... Меѓу патувачките и животните приказни на Македонците, од кои дел се јавни личнос...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...

Најчитани неделава