Морничавата приказна за „најопседнатата“ куќа во Лондон - Полицајци гледале како се движат предмети

„Во собата почнаа да летаат предмети насекаде. Јас стоев во аголот и гледав преку објективот на мојот фотоапарат. Можев да видам сè. Никој не ги фрлаше овие предмети“, тврди фотографот кој во 1970-тите ја направи фотката на која се гледа девојче кое лебди, наводно поради присуство на некоја натприродна сила. Колку вистина се крие во морничавата приказна според која е снимен филмот The Conjuring 2?

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-01.jpg

Ако сте го гледале The Conjuring 2, тогаш сте запознаени со приказната на семејството Хоџсон – мајка со четири деца чија куќа во Лондон наводно била опседната.

Филмот е снимен според вистински настан кој за многумина го потврдува постоењето на духови и слични натприродни сили, но за други е чиста измислица.

Според тврдењата на мајката, духот во куќата ја опседнал една од нејзините ќерки.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-06.jpgТри од четирите деца кои живееле во куќата со мајка им

Своевремено, во 1970-тите, случајот бил толку познат што во куќата отишле новинар и фотограф на британскиот медиум Daily Mirror. А, една од фотките го обиколи светот.

Фотографот Греам Морис бил во своите 20-ти кога со колега од Daily Mirror отишол во домот на семејството Хоџсон.

На популарната фотка се гледа како едно од девојчињата лебди. Иако голем дел од јавноста смета дека девојчето само скокнало, фотографот, кој денес има скоро 70 години, стои на ставот дека тоа лебдело.

Тој вели и дека девојчето имало моќ како телекинеза и дека целото искуство во куќата било застрашувачко.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-03.jpgПознатата фотка од „лебдењето“ на Џанет

Неодамна, тој изјави дека штом девојчето влегло во куќата, почнале да се случуваат чудни работи.

„Работи почнаа да летаат насекаде. Јас стоев во аголот и гледав преку мојот објектив. Можев да видам сè. Никој не ги фрлаше овие работи. Никој не правеше ништо. Не пробуваа да направат нешто за да се пошегуваат“.

Мислењето на јавноста до денес е поделено за вистинитоста на случајот, но приказната несомнено е забавна.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-07_copy.jpgЧетирите деца кои живееле во куќата

Па, што (наводно) се случувало во домот на семејството Хоџсон?

Во 1977-ма, Пеги Хоџсон живеела во Енфилд, Лондон со нејзините четири деца.

Во август истата година, таа се јавила во полиција со необична пријава – рекла дека покуќнината во домот се движела, а две од нејзините четири деца слушале тропање кое доаѓало од ѕидовите.

Децата кои ги слушале звуците биле 11-годишната Џенет и 13-годишната Маргарет.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-04.jpgПонова фотка од куќата

Пеги имала и два сина – 10-годишниот Џони и 7-годишниот Били, но тие наводно не слушале никакви звуци.

Бидејќи Пеги звучела преплашено, неколку полицајци го посетиле нејзиниот дом.

Наводно, и тие ги слушнале звуците, но не можеле да утврдат од каде доаѓале.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-15.jpgФотка направена во мигот кога наводно се слушнало силно тропање

Еден полицаец изјавил и дека видел како еден стол се помрднал сам.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-09.jpgСтол кој наводно се превртел сам во детската соба на девојчињата

Во наредната година, бројни луѓе, вклучувајќи соседи, новинари, како и истражувачи на натприродни појави, изјавиле дека во куќата слушале гласови, гледале како предмети се движат сами, дури и предмети кои изгледале како некој да ги фрла.

Можеби најморничаво е тврдењето на некои лица дека ќерките на Пеги лебделе во воздухот.

Случајот го покривал британскиот магазин Daily Mirror, и тоа во периодот од 1977 до 1979 година.

policajci-gledale-kako-se-dvizhat-predmeti-nekoi-se-skeptici-mornichavata-prikazna-za-najopsednatata-kukja-vo-london-10.jpgНасловната страница на Daily Mirror на 10-ти септември 1977

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава