Каде по ѓаволите е Мет!?

kade-poglavolite-e-met-povekjeНе можеме ни да ги наброиме сите места на кои Мет има танцувано. Ова е приказната за човекот кој ја развесели цела планета и кој продолжува...


...да шири оптимизам насекаде низ светот. Го чекаме во Македонија!

Си бил еден млад успешен дизајнер на видео игри. Еден ден тој се разбудил и посакал да го шета светот. Си направил веб страна за неговите роднини и пријатели да можат во секое време да видат каде се наоѓа.

kade-poglavolite-e-met-1

Знаејќи го неговиот специфичен начин на танцување, еден пријател му предложил да го снима како игра. Танцот им се видел интересен на многу луѓе кои го погледале видеото. Еден ден Мет добил понуда од една компанија да сврти крукче низ светот и да се снима додека си игра на различни места. Е ова е понуда што не се одбива! За 6 месеци Мет прошетал 39 држави на 7 континенти!

Читајќи ги мејловите што му пристигнуваат од сите страни на светот, тој сфаќа дека е потребно да направи уште еден круг околу светот за да танцува во друштво. Токму тоа и го прави. Овој пат патува 14 месеци и танцува со мештаните од 42 земји.

Сепак, не постои нешто толку добро на што мрчаторите не можат да му најдат маана. По коментарите дека видеата се лажни и се работи за монтажи Мет одговора со откривање на сите користени трикови. А неговото „признавање“ завршува со заеднички танц со публиката :)

Оваа неверојатната приказна што наликува на современа бајка покажува дека штом се сака сѐ се може. И дека е навистина добро да се водите од она „танцувај како никој да не те гледа“, дури и кога те гледаат милиони на youtube.

kade-poglavolite-e-met-2Мет танцува под вода во ресторан во Дубаи

Свесен дека проблемите во светот нема да исчезнат, со својата авантура Мет сака да покаже дека нашата планета и не е толку страшна и небезбедна како што почнавме да мислиме.

Вели дека ужива да одговара на прашањето „Како успеа да влезеш во Северна Кореја!?“. Не само што било многу едноставно да ја посети, туку и одлично си поминал танцувајќи со локалното население.

kade-poglavolite-e-met-3

Мет сѐ уште е оптимист, сѐ уште патува, сѐ уште танцува и на сите ни порачува дека малку глупирање не е на одмет.


З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистински бисери, винтиџ сет за трпезарија - 14 луѓе кои пронајдоа богатство во продавници од втора ... „Ќерка ми најде винтиџ комплет од Victoria’s Secret. На него пишува дека е од 19...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапи...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg