Бизарна приказна: Сите детали за инфлуенсерката што лажела дека има рак на мозок и дека сама го лекувала

На нејзиниот Инстаграм профил, кој сега е избришан, Бел ги советуваше следбениците да не им веруваат на лекарите туку да го лекуваат ракот со алтернативи како здрава храна, па дури и пиење непастеризирано млеко – нешто што може да биде опасно.

Истовремено, таа ги советуваше следбениците да не примаат никакви вакцини.

Бел честопати истакнуваше дека доказ за нејзиниот природен третман е фактот што лекарите предвиделе дека ѝ остануваат неколку месеци живот, но таа не само што не умрела, туку и се чувствувала подобро од кога било.

Да нагласиме дека кога болести како ракот кога не се третираат соодветно, неретко последиците се фатални.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-09.jpg

Бидејќи овие совети се наоѓаа во нејзината книга и нејзината апликација, луѓето кои почнаа да се сомневаат во неа почнаа да ја обвинуваат издавачката куќа, како и Apple што дозволиле преку нивни платформи да се шират дезинформации.

Во 2015-та, Apple ја тргна нејзината апликација од App Store, а како причина наведе „технички проблеми“.

По некое време, и издавачката куќа ја повлече книгата од продажба, признавајќи дека тврдењата на инфлуенсерката за нејзината здравствена состојба и нејзините совети за здравје не биле проверени.

Благодарение на неколку истражувачки новинари од Австралија, беше откриена и вистината – Бел никогаш немала рак. Притоа, користела туѓи искуства со болеста и ги прераскажувала како свои.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-08.jpg

Следбениците почнаа да ја напаѓаат во коментари на Фејсбук и Инстаграм, но Бел ги бришеше сите критики.

Со ова, пак, си создаде уште полош публицитет. На крај, ги избриша сите објави од нејзините профили, а подоцна ги деактивира и самите профили.

Во април 2015-та, Бел конечно и самата призна дека лажела за болеста, но проба да се направи жртва.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-04.jpg

Во интервју за австралиски медиум, Бел тврдеше дека за сè се виновни нејзините родители. Односно, била запоставена од нив и морала да се грижи сама за себе уште од 5-годишна возраст.

Притоа, не покажуваше ни трошка каење за нејзините лаги кои некои луѓе можеби ги чинеле живот.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-10.jpg

Во следни интервјуа, Бел не престануваше со лагите, па почна да тврди и дека нејзиниот брат имал аутизам.

По некое време, Бел заврши и на суд и во 2017-та ѝ беше изречена парична казна од 410.000 долари.

Познато е дека до 2020-та не ја платила казната бидејќи практично банкротирала, а не е познато дали досега го исплатила долгот.

lazhela-deka-ima-rak-na-mozokot-shto-go-izlekuvala-so-zdrava-hrana-lagite-na-edna-od-prvite-instagram-influenserki-11.jpg

Не се знае колку луѓе настрадале од опасните совети на Бел, но нејзината приказна е дефинитивно е доказ дека не треба слепо да веруваме во сè што гледаме на социјалните мрежи, без разлика колку добро ни звучи.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава