Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес)

Мо Џивани

Џивани бил 40-годишен сопственик на хотел кој последен пат бил виден во 2006 година.

Милионерот имал состанок во Торонто и оттогаш го нема видено никој.

Неговиот автомобил бил најден во близина на стриптиз клуб во Торонто, но од него немало никаква трага.

Некои сведоци тврделе дека бил во клубот, но полицијата не успеала да ги потврди изјавите.

milioneri-koi-ischeznale-pod-misteriozni-okolnosti-i-ne-se-najdeni-do-denes-07.jpg

Ова не било прво исчезнување на Џивани – претходно го немало четири дена наводно бидејќи постојано бил под дејство на дрога.

Па, се верувало дека станува збор за иста ситуација, но Џивани никогаш не се вратил.

Три месеци по исчезнувањето, пак, неговата сопруга добила повик дека е киднапиран и ѝ побарале 80.000 долари.

Таа им ги дала парите, но излегло дека станувало збор за лага.

Парите никогаш не биле вратени, а судбината на милионерот до денес останува мистерија.

milioneri-koi-ischeznale-pod-misteriozni-okolnosti-i-ne-se-najdeni-do-denes-06.jpg

Амброус Смол

Исчезнувањето на Амброус Смол ја буни јавноста веќе сто години.

Тој потекнувал од Канада каде што поседувал неколку театри, вклучувајќи ја и најголемата оперска куќа во Торонто.

Бил сопственик и на оперски куќи во Лондон.

На 1-ви декември 1919 година, Амброус го продал неговиот удел од сите театри по цена од околу 2 милиони долари.

Следниот ден се сретнал со неговиот адвокат, а откако си заминал од состанокот, исчезнал.

milioneri-koi-ischeznale-pod-misteriozni-okolnosti-i-ne-se-najdeni-do-denes-08.jpg

Наводно, никој не го видел како излегува од канцеларијата во којашто бил состанокот, ниту, пак, како излегува од зградата.

Немало ни знаци на насилство, па се поставила теоријата дека самиот си заминал.

Но, немал никаква причина за ова – не зел пари со него, немало порака од киднапери кои бараат пари, а бил мошне моќен и живеел раскошен живот.

Неговото семејство понудило огромна сума пари за какви било информации, но залудно.

Во наредните некоклу години се јавувале сведоци кои наводно го виделе во Лондон, Франција и Мексико, но ниту една изјава не била потврдена.

Во 1923-та бил прогласен за мртов, а случајот официјално бил затворен дури во 1960-та.

Денес, пак, постои морничава легенда дека неговиот дух го опседнува неговиот омилен театар во Онтарио.

milioneri-koi-ischeznale-pod-misteriozni-okolnosti-i-ne-se-najdeni-do-denes-09_copy_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg