Новогодишната реклама на Coca-Cola за 2023 ја враќа магијата на празниците – На светот му требаат повеќе Дедо Мразовци
Coca-Cola повторно ни ги стопли срцата со волшебната божиќна реклама за 2023, во која стотици Дедо Мразовци си помагаат еден на друг и шират љубов, добрина и љубезност меѓу луѓето.

Coca-Cola, брендот кој секоја година објавува нова волшебна божиќна реклама и овој пат остана верен на традицијата.
На околу два месеца пред Нова година, тие ја претставија својата реклама за 2023, која има едноставна порака: На светот му требаат повеќе Дедо Мразовци.

Во интересната реклама, може да се видат стотици Дедо Мразовци кои шетаат низ градот, си помагаат еден на друг, уживаат во дружењето и во голтката препознатлив пијалак.

Пораката на рекламата е едноставна – Дедо Мраз асоцира на добрина, па колку повеќе Дедо Мразовци има низ светот, толку повеќе добрина меѓу луѓето.

Дедо Мразовците, топлата атмосфера и пораката што сака да ја пренесе рекламата значат само едно – „празниците се ближат“.

Погледнете ја рекламата која ја навестува магијата на празниците:
https://www.youtube.com/watch?v=znIyaGS5BNc&ab_channel=Coca-Cola
А. Ј. | Црнобело