Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та?

Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина застрашувачко - почеток на Третата светска војна. Дали верувате во нејзините пророштва?

treta-svetska-vojna-no-ne-i-kraj-na-svetot-shto-predvidela-baba-vangja-za-2026-ta-01.jpg

Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, е најпознатата јасновитка од овие краишта.

Кај неа оделе познати личности, но и политичари и светски лидери, кои барале да им ја предвиди судбината.

Се претпоставува дека Баба Ванѓа нема запишано ниту едно пророштво, а она што го предвидела, се смета дека е запишано или раскажано од други луѓе.

Но, дури и да верувате во нејзината видовита моќ, ова е јасен знак дека секое нејзино пророштво не треба да се сфаќа сериозно.

treta-svetska-vojna-no-ne-i-kraj-na-svetot-shto-predvidela-baba-vangja-za-2026-ta-03.jpg

Што предвидува јасновитката за 2026-та година?

Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина застрашувачко.

Според неа, 2026-та ќе остане запаметена како година во која ќе почне Третата светска војна.

Со оглед на конфликтот меѓу Русија и Украина кој и понатаму беснее, како и случувањата во Венецуела, Израел и Пакистан, многумина веруваат дека ова нејзино предвидување ќе се оствари и дека целиот свет ќе завојува.

Бидејќи во нејзините предвидувања се споменува нуклеарно оружје, постои стравување за крај на светот, но јасновитката вели дека тоа ќе се случи дури во 5079 година.

treta-svetska-vojna-no-ne-i-kraj-na-svetot-shto-predvidela-baba-vangja-za-2026-ta-02.jpg

Таа предвидува и природни катастрофи со многу жртви, ред сè неколку разорни земјотреси.

Според предвидувањата можна е и голема вулканска ерупција.

Таа се осврнува и на вештачката интелигенција.

Па, ако за минатата година предвидуваше масовно влегување на AI во човечките животи, за оваа година вели дека вештачката интелигенција ќе почне да ја менува формата и да доминира, па луѓето може и да се покајат за нејзиното вклучување во секојдневниот живот.

treta-svetska-vojna-no-ne-i-kraj-na-svetot-shto-predvidela-baba-vangja-za-2026-ta-05.jpg

Според неа, ова ќе биде тешка година за глобалната економија.

Таа најавува и можен контакт со вонземјани, на спортски настан, а бидејќи наскоро ќе почне Зимската олимпијада во Италија, има такви кои со нетрпение очекуваат да видат дали ова пророштво ќе се исполни (токму сега).

Но, не се сите пророштва црни.

Таа најавува и лек за ракот или барем нов начин за брзо дијагностицирање на болеста и поефикасни третмани.

treta-svetska-vojna-no-ne-i-kraj-na-svetot-shto-predvidela-baba-vangja-za-2026-ta-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg