„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиште“
„Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував дали сите дедовци прават вака и си помислив дека е сосема нормално. Па, не кажав на никој“, раскажува Кејти Билинг која од осумгодишна возраст, па до тинејџерските години била жртва на сексуално малтретирање од страна на нејзиниот дедо. Денес тој е во затвор благодарение на неа, а Кејти ја раскажува својата приказна за да ги мотивира жртвите да ја откријат вистината за нивните напаѓачи.

Кејти Билинг со години трпела сексуално малтретирање од нејзиниот дедо Алан Дрејк.
Како што вели самата, за другите тој делувал како совршен дедо кој се грижи за неговото семејство, но за Кејти бил чудовиште кое ѝ го украло детството.
Благодарение на храброста на Кејти, која денес има 25 години, Алан Дрејк е зад решетки и отслужува 18-годишна затворска казна.
„Сите го обожаваа дедо ми, но никој немаше поим дека тој е одвратен педофил кој ми го уништи животот.
Горда сум на себе што презедов нешто. Сега, јас имам контрола. Ми го украде детството, но не дозволив да ми ја одземе и иднината“, раскажува Кејти.
Кејти, пак, ја споделува својата потресна приказна со цел да ја зголеми свесноста за жртвите како неа:
Родена во семејство со пет деца, Кејти имала навидум совршено детство.
Сите во семејството биле блиски, а минувале и многу време со баба ѝ. Нејзиниот биолошки дедо бил починат, па кога Кејти имала две години, баба ѝ се омажила со педофилот Алан.
„На почетокот мислев дека е прекрасен. Скоро секој ден и секој викенд го минувавме со баба и дедо.
Тој си играше со нас, ни читаше приказни, нè носеше во зоолошка и заедно одевме на семејни одмори“.
Тој период Алан работел како чувар во болница, но неговата страст била музиката.
Поради ова, во куќата имал музичка соба со секакви инструменти. Кејти обожавала да си игра во оваа просторија, сè додека не се случил првиот напад.
Како што раскажува Кејти, имала само осум години кога педофилот почнал да ја допира.
„Не ми беше јасно што се случува. Се прашував дали сите дедовци прават вака и си помислив дека е сосема нормално. Па, не кажав на никој“.
По првиот инцидент, Алан почнал почесто да ја напаѓа Кејти, а потоа почнал да ја допира и кога заедно биле во автомобил.
„Секојпат ми кажуваше дека тоа било само сон. Бев мало збунето дете, па и самата се уверував дека она што се случува не е реално“.
Бидејќи никој немал поим што навистина се случува, целото семејство останало блиско – заедно славеле Велигден, Божиќ, родендени и заедно оделе на одмори.
