„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиште“
Сите му се восхитувале на Алан, а Кејти ја криела тортурата што ја трпела.
„По некое време почнав да одбивам да одам во неговата музичка соба. Но, тој ми се закануваше дека ќе почне да допира некоја од моите сестри.
Бев преплашена и не сакав да ги повреди, па правев што ќе ми кажеше. Во 2010-та, кога ми наближуваше десеттиот роденден, ми стана јасно дека сум жртва.
Го мразев она што се случуваше и почнав да се дистанцирам, избегнував да бидам насамо со него“.
Кејти пробувала да се фокусира на училиштето, но и да бара изговори да не оди на гости кај Алан и баба ѝ.
По некое време, Алан престанал да ја малтретира Кејти, но траумите останале со неа.
„Низ годините, навистина се убедив дека сето било сон. Пробав да заборавам на малтретирањето и се посветив на тоа да продолжам со животот.
Кога станав тинејџерка, дедо ми уште го гледаа како совршена личност. Баба ми беше уверена дека има прекрасен сопруг.
Но, некогаш забележував како ме гледа чудно, некогаш ме нарекуваше ’секси‘“.
Кога Кејти имала 18 години и се подготвувала за излегување, Алан ја здогледал. Неколку денови подоцна ѝ рекол дека сака да спие со неа.
„Ми се згади. Никогаш повеќе не го облеков фустанот што го носев таа ноќ. Неговите одвратни коментари ме потсетија на малтретирањето.
Имав депресија и анксиозност. Почнав да пијам и да користам дрога за да ја ублажам болката“.
Во 2021-ва, кога веќе имала 20 години, Кејти сфатила дека повеќе не може да ја крие вистината.
„Знаев што ми се случи пред 11 години, но немав никакви докази. Па, една ноќ, откако вечерав кај него и баба ми, тој ме однесе дома. Тајно го пуштив телефонот да снима и го прашав ’Дали ме допираше кога бев мала?‘
Тој ми рече ’Не мислам дека тоа е правилно‘. Му се развикав и го прашав дали сексуалното вознемирување што го трпев е добро. Тој ми рече ’Не, извини за тоа‘.
Неколку минути подоцна стигнавме пред мојата куќа. Излегов од автомобилот и дома ја преслушав снимката. Знаев дека имам доказ“.
Следниот ден Кејти ѝ кажала на мајка си, а потоа и на браќата и сестрите и вели дека сите биле запрепастени.
Тие ја убедиле да оди во полицијата, а кога пријавила, Алан бил уапсен.
На судењето негирал вина, но на крај сепак бил прогласен за виновен добил 18 години зад решетки.
„Сега знам дека заслужувам да бидам среќна и сакана. Среќна сум што е зад решетки.
Сакам другите жени да знаат дека не мора да живеат со срам како мене. Ве молам, ослободете се“, порачува Кејти.
Спирова С. | Црнобело
