Најскапите новогодишни елки

najskapite-novogodisni-elki-povekjeЕлки од чисто злато, дијаманти, накит, сваровски кристали, а и највисоката чоколадна елка на светот! Елко, елко, порасни уште две-три милиончиња...


Чоколадна елка висока 10 метри, а тешка дури 4 тона! Талентираниот Patrick Roger и неговиот тим на ова слатко ремек дело работеле цел месец, а елката изложена лани во Париз била дел од хуманитарна аукција. Се разбира дека се продавала „на парче“ :) 

najskapite-novogodisni-elki

Како изгледаат три тона дијаманти? Високи се 6 метри, а „тешки“ над милион долари! Првата дијамантска елка во светот никна во Сингапур во 2006 година, а ја смислија во Soo Kee Jewellery. Сигурно имале вишок 21.798 дијаманти при рака...

najskapite-novogodisni-elki-2

Убавкото сјајно дрвце на Гинза Танака е високо само 2,4 метри, но тежи 12 килограми и вреди 2 милиони долари. Токиската златара веќе направи златно дрвце за $850.000 долари во 2006 година, но се надмина со новата елка од чисто злато која ја красат околу 60 срциња.

najskapite-novogodisni-elki-3

najskapite-novogodisni-elki-4

На 16 декемри 2010 година во луксузниот хотел Emirates Palace во Абу Даби светна новогодишна елка висока 13 метри украсена со накит од Style Gallery вреден 11 милиони долари. 

najskapite-novogodisni-elki-5

Елката со златни и сребрени панделки и околу 180 „лампиони“ од дијаманти, сафири, бисери, смарагди и рубини не е првиот екстравагантен примерок во хотелот со седум ѕвзеди. 

najskapite-novogodisni-elki-6

najskapite-novogodisni-elki-7

Хотелот е гинисов рекордер за најскап послужен пијалок, чашка коњак вредна $2000 долари, а овде може да се најде и автомат за злато! Самата машина е прекриена со 24 каратно злато, а ако итно ви затреба вади златни монети и златни прачки од 1, 5, 10 и 30 грама!

Празничната атмосфера во Берлин во 2006 година беше збогатена со елка прекриена со дури 40 000 сваровски кристали. Се прашуваме колку време им требало за откитување...

najskapite-novogodisni-elki-8

Сваровски кристалите се популарен новогодишен избор, па лани и Хонг Конг доби своја скапоцена елка висока 30 метри и украсена со повеќе од 20 милиони кристали! А за уште посјаен спектакл фонтаната пред оваа елка прскаше вода и до 6 метри во височина.

najskapite-novogodisni-elki-9

Сваровски елката во луксузната област Omotesando Hills во Токио e составена од 250.000 декоративни сваровски кристали и висока 8 метри.

najskapite-novogodisni-elki-10

А годинава гатанката што светка и стои на врвот иако тежи 250 килограми ја реши актерката Оливија Вајлд. Нејзе и` припадна честа да ја открие сваровски ѕвездата за елката пред центарот Рокфелер во Њујорк.

najskapite-novogodisni-elki-11

najskapite-novogodisni-elki-12

Ако може Swarovski, зошто не и Tiffany? Накитена со украси специјално дизајнирани за оваа прилика и осветлена со повеќе од 100 000 сијалички во 2010 година во Милано се крена елката висока 48 метри и вредна 450 000 долари.

Под неа е и продавицата на Tiffany сместена во објект налик на нивните препознатливи кутивчиња за накит.

najskapite-novogodisni-elki-13

najskapite-novogodisni-elki-14

najskapite-novogodisni-elki-15

Каква елка треба да се направи за на светот да му се привлече внимание кон празнувањето во Македонија?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Колекционери ги покажуваат своите уникатни колекции (фото) Розови калкулатори, разни изданија од една книга, лути сосови – многу луѓе ширум...
„Те молам избриши го бившиот од фотката“: Твитерџијата што ги „трола“ инстаграмџиите е хит на соција... „Многу ми се допаѓа фоткава, но те молам да направиш нешто со хигиеничарката. Не...
Живеење со мртви тела и уште 5 необични култури низ земјите во светот Можете ли да се замислите себеси да живеете со мртви тела? Многу вообичаена прак...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg