Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат
„Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“.

Ако сте од генерацијата на милениумците, па и постари, вашето детство дефинитивно многу се разликувало од она на денешните деца.
Компјутерите уште ги гледавме како нешто од научно фантастичен филм, интернетот беше повеќе мисловна именка отколку технологија достапна за сите, а ако требаше да пишуваме есеј, состав, па и некаков труд, сето се правеше рачно.
На Редит, неколку корисници споделуваат кои се работите што нам, постарите ни се норма, но новите генерации не би ги преживеале.
Најзабавните одговори во продолжение:
„Нè тераа да научиме да пишуваме ракописно. Моите деца на возраст од 15 и 12 години ја немаат оваа обврска бидејќи голем дел од работите печатат. Притоа, немавме компјутери и моравме рачно да пишуваме долги есеи, трудови…“
„Денешните деца не знаат што значи да биде им навистина здодевно“.

„На долги возења со автомобил, немавме разонода. Само си гледавме низ прозорецот“.
„Нè оставаа да ги чуваме помалите роднини, браќа сестри, без разлика што ние имавме едвај 12 години“.
„Требаше да чекаме да ги развиеме фотографиите за да можеме да ги видиме. А имавме и само по 20-тина фотографии на еден филм“.

„Имавме dial-up интернет кој ја губеше конекцијата ако некој го користеше фиксниот телефон“.
„Лудо е колку не знаевме. На денешните деца не им е јасно дека е како магија тоа што во џебот имаат уред кој во секој миг може да им го одговори секое прашање“.

„Немаше гледање по цела серија одеднаш. Ако ни се гледаше серија, требаше да ја чекаме новата епизода во одреден ден и одредено време. Ако ја пропуштевме епизодата, немаше како да ја изгледаме“.
„Возевме без GPS уред“.
„Требаше да се надеваме дека на радио ќе ни ја пуштат омилената песна или дека на телевизија ќе го емитуваат омилениот филм. Немавме опција да си ги пуштиме самите“.

„Моравме да следиме туторијали за шминкање од списанија, и тоа само од текст“.
„Секој дома можеше да ни ги прислушува телефонските разговори ако имавме уште еден фиксен телефон во домот“.

„Кога им се јавувавме на дечковците, се молевме да не одговорат нивните родители“.
„Имавме само три животи во видеоигрите, и кога ќе ги изгубевме, моравме да ја почнуваме играта од почеток!“
Спирова С. | Црнобело
