Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот

Со името на овој војсководец се поврзува поимот ладнокрвен убиец кој никогаш не се колебал да изврши некакво злосторство. Ќе остане запаметен по неговата суровост и непромисленост. 

Различни извори сугерираат дека тој го наредил и убиството на неговиот постар брат Џовани, но овие тврдења е тешко да се докажат денес бидејќи доаѓаат од непријателите на Борџиите.

Безброј други афери се поврзани со овој благородник. 

Делењето партнерки се чини дека било вообичаено меѓу членовите на Борџија - Чезаре и неговиот брат Хуан имале афера со сопругата на нивниот брат Хофре. 

Еден ден Хуан бил пронајден избоден и фрлен во Тибар, а Чезаре повторно бил главниот осомничен.

Сепак, најмногу гласини за Чезаре кружеле во врска со љубовната врска што ја имал со неговата сестра - Лукреција Борџија. 

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-05_copy.jpg

Татина миленичка

Лукреција Борџија била миленичка на нејзиниот татко, родена како уште едно од неговите вонбрачни деца. 

По негова наредба, таа била одвоена од нејзината мајка, а старателството врз неа му било доделено на братучедот на нејзиниот татко. 

Слично на Чезаре и таа е опишана како убава девојка.

Била префинета русокоса, со бел врат и бисерни заби, а била и образована  - од дете учела латински, поезија, музика и сликање на порцелан.

Првите додворувачи ја запросиле пред да наполни 11 години, но нејзиниот татко ги одбил откако станал папа, барајќи помоќна личност за зет.

На 12-годишна возраст, Лукреција му била дадена на владетелот на Пезаро, постар вдовец, Џовани Сфорца. Тие направиле величествена венчавка, на која присуствувал половина Рим. 

Меѓутоа, бракот не траел долго, а која била причината за тоа денес не е баш јасно.

Најверојатно, Борџиите сфатиле дека можат да ја понудат раката на Лукреција на многу подобар додворувач. Несреќниот младоженец бил прогласен за импотентен, а неговата млада сопруга за девица и покрај тоа што е во брак и нивната врска била прекината поради неисполнување на брачните должности.

Лукреција подоцна родила син кој станал војвода.

Никогаш не се дознало кој е неговиот татко, но постоеле шпекулации дека неговиот вистински татко е всушност Чезаре.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-07.jpg

Неславен крај на семејството

И покрај сето богатство што го имале и стравот што го ширеле околу себе, моќта на Борџиите почнала да бледнее по смртта на папата Александар VI во 1503 година.

Иако бил способен воен водач и државник, Чезаре имал проблеми да го продолжи успешното владеење без поддршка од папството.

Тој бил уапсен од новиот папа - Пиј III, избегал од затвор, но неговиот последен пад бил предизвикан од изборот на смртниот непријател на Борџија - кардиналот Џулијано де ла Ровере. 

Загинал во 1507 година во битката кај Навара.

Оригиналната гробница на Чезаре била во црквата Санта Марија во Вијана, но во 1537 година, локалниот свештеник наредил неговите посмртни останки да бидат преместени на локација надвор од црквата.

Лукреција починала во 1519 година при предвремено породување, кога имала 39 години.

incesti-i-blud-ubistva-i-kriminal-detali-za-najizopachenoto-semejstvo-vo-svetot-08.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава