Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик?

Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел спанаќ.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-01.jpg

Цртаниот филм „Попај“ беше и остана омилен цртан на многу генерации, а главниот лик имаше големо влијание врз најмладите, особено врз момчињата кои сакаа да бидат силни како него.

Иако повеќето луѓе мислат дека приказната за познатиот морнар е измислена, таков човек навистина постоел. 

Неговата животна приказна која го одзема здивот била инспирација за култното достигнување.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-08.jpg

Како настанал омилениот лик на децата?

Ликот го создал познатиот карикатурист Елси Крислер Сегар, која работел за The New York Times

Имено, од медиумот побарале од Сегар во 1919 година да смисли нов цртан лик кој ќе се појави меѓу помладите генерации.

Инспирацијата за своите цртани ликови Сегар ја црпел од својот роден град Честер во Илиноис, каде што живееле интересни луѓе. 

Инспирација за Попај бил Френк Фигел, кој од локалното население го добил прекарот „Роки“. 

Френк бил роден во 1868 година и на млада возраст мигрирал со семејството од Полска во Америка.

Поголемиот дел од животот работел како шанкер, а не како морнар, иако секогаш велел дека сака да плови низ светот.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-05.jpg

Прекарот „Попај“

Френк бил храбар, имал брада, дебели раце и пушел како оџак. 

Секогаш носел морнарска кошула на пруги, капа и никогаш не излегувал од дома без луле во устата. 

Едното око му било поголемо од другото, па така го добил прекарот pop-eye (може да се преведе како испакнато око).

Честопати учествувал во тепачки, а луѓето го сметале за неверојатно силен поради неговата градба и возраст.

Бил љубезен и сакал да им помага на другите, особено на послабите од него. 

Истите тие карактеристики се претставени во цртаните филмови „Попај“ преку главниот лик.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-04_copy.jpg

Сегар го запознал Френк во еден локален бар во Честер и веднаш знаел дека тој е неговиот лик од соништата. Неговото срце било исто така големо, бидејќи сакал да си игра со деца и да им раскажува приказни, а тоа особено го инспирирало дизајнерот.

Ликот на Попај добил огромна популарност и се појавил во 500 весници низ Америка, а подоцна, во 1930-тите, дури го привлекол светското внимание. 

За жал, Сегар починал на 45-годишна возраст во 1938 година, а Френк Фигел починал во 1947 година.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-09_copy.jpg

Трансформација низ времето

Начинот на кој Попај бил прикажан во раните 1900-ти не е истиот лик кој бил подоцна прикажан. 

Попај првично бил познат како „Попај, крајбрежниот стражар“, а не морнар. 

Подоцна, останатите карикатуристи кои работеле на овој лик биле инспирирани од друга личност која го дефинирала ликот на Попај.

Тој лик го нема во записите, но се верува дека загинал за време на Втората светска војна борејќи се со германската морнарица. 

Оваа слика го редефинирала оригиналниот Попај со тоа што го направила храбар морнар. 

Ако се прашувате дали некој од двата „Попај“ консумирал големи количини спанаќ, тоа никогаш и никаде не било споменато.

Идејата за овој зеленчук кој му дава огромна сила на Попај е создадена со желба да се поттикнат децата повеќе да го консумираат.

popaj-navistina-postoel-no-ne-bil-mornar-i-ne-jadel-spanakj-kako-nastanal-omileniot-crtan-lik-na-decata-02.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм, pixabay.com

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg