5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите)

„Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исфрлите од својот речник кога разговарате со личност што има анксиозност. Ним не им треба да им кажете дека се добро, туку да почувствуваат дека некој го разбира нивниот страв. 

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-01_copy.jpg

Анксиозноста во најмала рака е психолошки термин со којшто се опишува болката. Иако не е физичка болка, таа е сеприсутна во животот на личноста што ја чувствува и не можете од неа да барате да ја занемари.

Кога се справувате со личност што се справува со анксиозност, секогаш треба да покажете дека имате отворен ум и дека сочувствувате со неа. Запомнете, на овие луѓе им треба охрабрување, а не критика.

Затоа, кога барате начин да ги охрабрите, треба да бидете особено внимателни при изборот на зборови.

Во продолжение, погледнете што не треба да кажете, и што да кажете наместо тоа:

„Премногу далеку размислуваш. Не грижи се има време“

Кога личноста со анксиозност ви зборува за своите стравови за иднината, иако вам тоа ви се чини бесмислено, треба да сфатите дека нивниот ум веќе стигнал толку далеку.

Затоа, воопшто не е во ред да го негирате нивниот страв и да ги обесхрабрувате. Наместо тоа, покажете сочувство и речете:

„Ајде да испланираме што ќе правиме“.

На тој начин ќе им дадете доза сигурност дека имаат резервен план за сѐ што им подготвува иднината, а на тој начин ќе бидат сигурни дека вие сте личност на која може да ѝ ги доверат и најголемите стравови.

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-02.jpg

„Собери се! На овој начин само си ја влошуваш состојбата“

Ако гледате дека личноста е во паника, постојано плаче и не може да се смири, најлошо нешто што можете да ѝ го кажете е да се прибере и да не плаче, дека така само си прави полошо.

Дали навистина мислите дека овие луѓе сакаат постојано да плачат? Дека тие не се свесни оти сами не можат да ги контролираат емоциите.

Наместо тоа, подобро би било да одвоите време да седнете до нив, да ги прегрнете и да им кажете:

„Во ред е, тука сум за тебе!“

Убаво е да знаат дека имаат на кого да се потпрат кога им е тешко и тоа многу полесно ќе им помогне да се смират.

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-03.jpg

„Добро си. Ништо не ти е!“

Добро е да се обидеме да ги охрабриме луѓето, затоа што нема видливи проблеми со физичкото здравје, но треба да сфатите дека овие луѓе не се чувствуваат добро затоа што се анксиозни.

Наместо лажно да ги охрабрувате, обидете се да им кажете:

„Сигурно не ти е лесно!“

Понекогаш на анксиозните луѓе не им треба да ги убедувате дека се добро, туку да сфатите дека не им е лесно. На овој начин ќе им покажете дека барем делумно се трудите да ја разберете нивната болка.

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-06.jpg

„Да не направеше така, сега немаше тоа да ти се случува“

Никогаш со сигурност не можете да знаете дека сте биле во право, а и немате временска машина за да се вратите во времето.

Не можеме да знаеме што ќе се случело, ако сме донеле поинакви одлуки во минатото, а од друга страна треба да ви биде јасно дека личноста потајно веќе размислува дали направила погрешен избор.

Подобро е да покажете дека сфаќате како се чувствува и да речете:

„Воопшто не е чудно што си под стрес. Разбирам зошто се чувствуваш така...“

Запомнете, најважно е да покажете емпатија, а не да ги критикувате за изборите што ги довеле таму каде што се.

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-04.jpg

„Не грижи се, ќе се снајдеш“

Можеби немате лоши намери и сакате да покажете дека верувате во неа, но личноста што има анксиозност ваквите коментари може да ги сфати како начин со којшто се обидувате да ја занемарите.

Наместо тоа, подобро е да речете:

„Можам некако да ти помогнам?“

Самото прашање нуди емотивна поддршка. Дури и да ве одбие, личноста ќе се чувствува подобро затоа што сфатила дека има некој кој ја разбира.

5-raboti-shto-ne-treba-da-i-gi-kazhete-na-lichnosta-shto-ima-anksioznost-i-shto-da-kazhete-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg