Работи што козметичарите во салоните за нокти ги забележуваат кај вас

Каква облека носите, дали доцните, но и дали сте учтива личност – кои работи ги забележуваат сите козметичари во салоните за нокти и зошто?

raboti-shto-kozmeticharite-vo-salonite-za-nokti-gi-zabelezhuvaat-kaj-vas-01.jpg

Ако одите во салон за нокти, веројатно ве интересира каков впечаток оставате кај вработените.

Односно, што тие забележуваат и какво мислење имаат за вас.

Погледнете кои работи ги забележуваат речиси веднаш:

Вашата облека

Генерално, облеката е првото нешто што го забележуваат повеќето луѓе. Козметичарите секако дека ќе обрнат внимание на она што го носите, вклучувајќи и вашата фризура, па и шминка.

Но, ова не е за да ве осудуваат, туку за да си создадат некаква претстава за тоа каква личност сте.

Ова, пак, им помага подобро да си ја завршат работата, односно да знаат што да ви предложат доколку ги прашате за совет, мислење и слично.

Дали сте дошле навреме

Распоредот на козметичарите е секогаш натрупан и штом ќе завршат со еден клиент, тие веднаш почнуваат со друг.

Токму поради ова, од голема важност е да се појавуваат навреме.

Што значи, козметичарите дефинитивно забележуваат дали сте дошле навреме или сте задоцниле.

И, доколу доцните, најверојатно ќе ве гледаат со презир бидејќи им го нарушувате целиот распоред.

raboti-shto-kozmeticharite-vo-salonite-za-nokti-gi-zabelezhuvaat-kaj-vas-02.jpg

Колку го користите телефонот

Кога козметичарите ви ги средуваат ноктите, навистина е важно да не се движите, но и да обрнувате внимание на она што се случува.

Ако само скролате на телефонот, најверојатно ќе ја движите раката, а и нема да ги следите инструкциите што ќе ви ги дава козметичарот.

Во ред е да го проверите телефонот, но важно е и да соработувате со козметичарите.

Состојбата на вашите нокти

Ова е веќе очигледно. Пред да почне со работа, козметичарот мора да обрне внимание на изгледот на вашите нокти.

Некогаш, од состојбата на ноктите може да открие и многу работи за вас. Ако, на пример, ви се изгрицкани, може да претпостави дека имате анксиозност.

Бојата што ја избирате

Бојата ли дезенот што ќе ги изберете за вашите нокти откриваат многу детали за вашиот карактер.

Сепак, козметичарите имаат искуство и веќе добро знаат кои луѓе одбираат какви бои.

raboti-shto-kozmeticharite-vo-salonite-za-nokti-gi-zabelezhuvaat-kaj-vas-03.jpg

Вашето расположение

Расположени, гневни, тажни – козметичарите обрнуваат многу внимание на расположението на нивните клиенти, со цел да знаат како да постапат со нив.

Ќе знаат дали сте расположени за разговор, дали само сакате да ги средите ноктите да си одите и слично.

Како се однесувате кон нив

Иако сите треба да бидеме учтиви, за жал постојат луѓе кои ги третираат другите без трошка почит.

И, со ова покажуваат дека се ужасни личности.

Па, ако не се однесувате учтиво, можно е и воопшто да не ви закажат термин следниот пат кога ќе се јавите.

raboti-shto-kozmeticharite-vo-salonite-za-nokti-gi-zabelezhuvaat-kaj-vas-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg