Факти за контроверзниот култ на Ошо во САД: Го нарекувале „секс гуру“, затруле луѓе со салмонела

Следбениците на Ошо почнале сами да ја градат својата заедница – граделе куќички, сали за медитација, направиле посебна куќа за нивниот лидер…

Но, на локалните жители не им се допаѓале дојденците.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-05.jpg

Тие сега биле побројни – во заедницата имало над 2.000 луѓе – а им изгледало дека Ошо и следбениците сакаат да го преземат нивното мирно гратче.

Заедницата на Ошо не само што била многубројна, туку била и богата - се проценува дека тие располагале со најмалку 15 милиони долари.

Овие пари потекнувале од богатите следбеници, но и од продажбата на книгите на Ошо кои среде контроверзиите станувале многу барани.

Тензијата меѓу локалците и следбениците на Ошо брзо ескалирала и еден од објектите на имотот на заедницата бил бомбардиран.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-07.jpg

Во целата збрка, Шила била таа што зборувала во име на Ошо бидејќи тој престанал да држи и говори. По нападот, Шила изјавила дека е загрижена за безбедноста на заедницата, па најмила оружје.

А, амбициите на Шила биле преголеми – таа сакала да се пријави и на локалните избори и да стане дел од локалната власт за да ја зајакне моќта на заедницата.

Во изјавите за медиумите, говорела дека ги следи желбите на Ошо.

Со цел да добие доволно гласови, Шила почнала да собира бездомници од цела Америка за да се регистрираат како гласачи.

Но, овој план не ѝ успеал, па Шила почнала да зборува и за убивање на конкуренцијата – нешто што веќе не било во согласност со филозофијата што ја промовирал Ошо.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-06.jpg

Во 1984 година, Шила извршила биолошки напад врз жителите на гратчето до заедницата – неколку продукти од локалните ресторани ги затрула со салмонела.

Од ова, над 700 луѓе завршиле во болница, но немало жртви.

Во меѓувреме, се дознало и за други криминални дејства во заедницата, како контролирање на поштата на следбениците, нивно преслушување и правење измами со документи за миграција.

Кон крајот на 1984 година, Ошо конечно прозборел пред следбениците изјавувајќи дека е време да ја сподели вистината.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-10.jpg

Тој ја нарекол Шила „фашист“, а неколку месеци подоцна таа ја напуштила Америка.

Ошо, пак, ги повикал надлежните да почнат истрага бидејќи, според него, сите криминални дејства на Шила биле направени без негово знаење.

Сепак, Ошо бил депортиран од САД, добил забрана да ја посетува земјата, а требало да плати и казна од скоро половина милион долари.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-02.jpg

Но, ова само му ја зголемила популарноста во родната Индија, каде што од тамошните следбеници бил пречекан како маченик.

Ошо починал во 1990 година под мистериозни околности и не е позната точната причина за неговата смрт. Неговото тело било кремирано.

fakti-za-kontroverznata-zaednica-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela-03.jpg

Шила, пак, добила 20-годишна казна затвор, отслужила четири и пол, а и таа требало да плати приближно иста парична казна како Ошо.

Моментално таа живее во Швајцарија.

fakti-za-kontroverzniot-kult-na-osho-vo-sad-go-narekuvale-seks-guru-zatrule-lugje-so-salmonela005.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg