„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет измама

Пред Денот на вљубените во 2015-та, Кират сакала заедно да го поминат празникот и конечно да се сретнат во живо.

Но, тогаш Боби имал уште еден бизарен изговор - уште бил во програма за заштита на сведоци, но и ѝ рекол дека имал тумор на мозокот, потоа мозочен удар, па и инфаркт.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-10.JPG

Кога Боби бил во болница, Кират контактирала со негов „консултант“.

Секако, како Боби, и оваа личност не постоела и зад неа стоела братучетката на Кират.

До 2017-та, Кират уште неколкупати посакала да се сретнат со Боби, но тоа не се случило.

Боби почнал и да ја контролра Кират - се лутел ако не му пишувала, ако излезела со пријателки и слично, па таа веќе била под толку стрес, што честопати отсуствувала од работа.

А, можеби најбизарното е што за љубовните проблеми ѝ се доверувала на братучетка ѝ – онаа која всушност се криела зад лажниот идентитет на Боби, неговиот „консултант“ и бројните Фејсбук профили со кои контактирала Кират.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-11.JPG

По речиси цела деценија, Кират престанала да се лаже себеси и сфатила дека нешто не е во ред.

Најмила приватен детектив, кој пак ја нашол адресата на Боби.

Кога отишла кај него, ја дочекал мажот што го гледала на фотографиите, но вистинскиот Боби не знаел која е.

Тогаш сфатиле дека и двајцата биле жртви – идентитетот на Боби бил украден, додека Кират наседнала на „кетфишинг“.

Светот на Кират се срушил – сфатила дека нејзината долга врска со Боби воопшто не постоела.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-02.JPG

Во 2018 година, таа и вистинскиот Боби отишле во полиција и дури тогаш нејзината братучетка – Симран – се исплашила и ѝ кажала дека таа стои зад целата измама.

И, најтажно во целта ситуација е што Кират не знае зошто братучетка ѝ скоро цела деценија ја лажела. Наводно, ѝ напишала писмо во кое ѝ се извинува, но Кират вели дека извинувањето не ѝ изгледа искрено.

Кога случајот бил пријавен во полиција, во Англија не постоеле закони за „кетфишинг“.

Па, Симран не се соочила со никаква казна.

Во 2020-та, Кират поднела тужба против братучетка ѝ, но спогодбата била направена приватно.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-12.JPG

Случајот повторно го привлече вниманието на јавноста благодарение на документарец на Нетфликс насловен Sweet Bobbie: My Catfish Nightmare.

Во документарецот се појавува Кират, но и вистинскиот Боби чиј идентитет бил украден.

Според документарецот, можно е случајот повторно да биде отворен и Симран сепак да одговара за болката што ѝ ја нанела на братучетка си.

Трејлерот од документарецот во продолжение:

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg