Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни)

„Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете мачки. Но, ми изгледa како да не го ценат мојот труд“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-01.jpg

Само оние кои живееле сами знаат каква слобода може да значи тоа.

Кога целиот дом е само ваш, можете да го декорирате како сакате и можете да правите што сакате, во кое било време.

А, бидејќи знаете дека никој нема да ве види и осудува, некогаш можеби ќе направите и по некоја чудна работа.

На Редит неколку луѓе кои живеат сами ги споделуваат најчудните работи што ги прават:

„Си го облекувам најраскошниот фустан, пијам вино и редам сложувалка додека слушам поткасти за убиства. Секоја девојка заслужува бал…“

„Спијам во шатор во спалната. Дури по пет години живеење сам, сфатив дека можам да правам што и да посакам, дури и да спијам во шатор“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-02.JPG

„Многу сакам кога ќе си пуштам гласна музика, ќе си ги облечам чизмите со платформа и почнувам да чистам“.

„Некогаш, кога ми е здодевно, на глас раскажувам што правам, како во документарец со Дејвид Атенборо“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-3.JPG

„Гола сум 24/7, освен ако не треба да ми дојдат гости“.

„Скоро цел ден му пеам на моето куче“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-04.JPG

„Си правам соло караоке ноќи – купувам грицки, правам коктели и се преправам дека сум во караоке бар“.

„Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете мачки. Но, ми изгледa како да не го ценат мојот труд“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-5.JPG

„Си разговарам сам со себе“.

„Спијам со 15 огромни перници“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-06.JPG

„Не се сеќавам кога последен пат сум ја затворил вратата кога сум одел во тоалет“.

„Јадам пред фрижидер или над мијалникот за да не валкам садови“.

raboti-shto-gi-pravat-lugjeto-koi-zhiveat-sami-a-na-drugite-mozhe-da-im-se-chudni-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg