Разделбата на Чарлс и Дијана, пожар во замокот: Зошто 1992-ра била најлоша година за кралицата Елизабета?

Беше откриена аферата на принцезата Дијана и Џејмс Гилби

Во 1992 година, британските медиуми објавија транскрипција од телефонски разговор помеѓу принцезата Дијана и Џејмс Гилби кој беше доволен доказ дека имаат афера.

Во разговорот, принцезата вели дека се плаши дека е бремена и дека доколу е, сака да абортира.

razdelbata-na-charls-i-dijana-pozhar-vo-zamokot-zoshto-1992-ra-bila-najlosha-godina-za-kralicata-elizabeta-06.JPG

Сепак, еуфоријата околу овој телефонски разговор брзо спласна, бидејќи веќе следната година во јавност се појави телефонскиот разговор помеѓу Чарлс и Камила што ја потврдува нивната афера.

razdelbata-na-charls-i-dijana-pozhar-vo-zamokot-zoshto-1992-ra-bila-najlosha-godina-za-kralicata-elizabeta-07.JPG

Чарлс и Дијана се разделија

По многуте скандали, на крајот од 1992 година, официјално беше најавена разделбата на принцот Чарлс и принцезата Дијана.

На најавата ѝ претходеа бројни шпекулации дека на кралскиот брак му се ближи крајот.

Чарлс и Дијана го финализираа разводот во 1996-та, а околу една година подоцна, принцезата загина.

razdelbata-na-charls-i-dijana-pozhar-vo-zamokot-zoshto-1992-ra-bila-najlosha-godina-za-kralicata-elizabeta-08.JPG

Пожар во замокот Виндзор

Околу еден месец пред Чарлс и Дијана да ја најават разделбата, во замокот Виндзор избувна пожар.

Пожарот горел дури 15 часа и предизвикал штета во вредност од 47,5 милиони долари.

Замокот, кој има историска вредност, е изграден во далечната 1070 година, а во пожарот изгореле и бројни уметнички дела.

razdelbata-na-charls-i-dijana-pozhar-vo-zamokot-zoshto-1992-ra-bila-najlosha-godina-za-kralicata-elizabeta-09.JPG

Кога дојде време за реновирање, јавноста почна да дебатира за тоа дали трошоците ќе паднат на грбот на граѓаните.

Односно, бидејќи замокот не е во сопственост на владетелот, туку на монархијата воопшто, трошоците за реновирањето би требало да бидат покриени од даноците што ги плаќаат Британците.

Ова ја поттикна дебатата за тоа дали британското кралско семејство е преголем трошок за „обичните“ граѓани.

Но, кралицата најде решение (донекаде) – првпат ја отвори Бакингемската палата за јавноста, со цел да му ја покаже на народот нејзината историска вредност.

Притоа, се понуди да плаќа данок на приход – нешто што не е обврска на монархот.

Исто така, ја намали и листата на членови на кралското семејство кои се финансирани од парламентот.

razdelbata-na-charls-i-dijana-pozhar-vo-zamokot-zoshto-1992-ra-bila-najlosha-godina-za-kralicata-elizabeta-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...

Најчитани неделава