8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија)

Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до промовирање на работењето до степен на исцрпеност и запоставување на семејството... Кои работи не треба да ги нормализираме денес, а го правиме тоа?

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-pretstavuva-kako-normalni-a-se-shtetni-01.jpg

Како да станавме опседнати со пари, работа, успех и заборавивме да уживаме во животот?

Во општеството како нормални ни се презентираат работи, кои всушност не се здрави за нас.

Се согласувате ли?

Работи кои денес општеството ги претставува како нормални, а се штетни:

Родители кои ги запишуваат своите деца на сите можни дополнителни часови (од спорт до музика, балет и јазици) и не им дозволуваат на децата да живеат и да бидат деца.

Навистина децата нема потреба цел ден да се зафатени со нешто. Ним им е потребен и одмор. Во ред е да ги држите активни и да им ја будите желбата за истражување, но не е во ред притисокот дека мора да бидат најдобри во сè.

Притисокот дека мора да се работи до исцрпување.

Потсетете се самите себеси, но и тие околу вас дека работите за да живеете, а не живеете за да работите. Нема потреба да ѝ станеме робови на работата, животот е и за уживање.

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-pretstavuva-kako-normalni-a-se-shtetni-02.jpg

Притисок за младешки изглед.

Насекаде како да има потсетници кои прават да се чувствувате лошо затоа што на 40 години не можете да изгледате како кога сте имале 20. Од операции за слабеење до тајни за младешки изглед, се претерува, зарем не?

Изедначување на парите со почитта.

Само затоа што некој нема пари, не значи дека не заслужува почит како и секое човечко суштество.

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-pretstavuva-kako-normalni-a-se-shtetni-03.jpg

Недостиг на сон.

„Спијам само 4 навечер и успевам да функционирам“. Не, ова не е здраво. Не заслужува пофалба. Штетно е.

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-pretstavuva-kako-normalni-a-se-shtetni-05.jpg

Промовирање токсична продуктивност.

Ова особено го прават инфлуенсерите кои промовираат дека работат 25 часа на ден, секој ден, а денот го започнуваат со 1-часовна рутина за нега на лице.

Свршеничкиот прстен треба да биде со вистински и огромен дијамант.

Не, тој може да биде и со обично камче или наследен од баба, но треба да е даден со љубов од сè срце и само тоа е важно.

10-raboti-koi-opshtestvoto-gi-pretstavuva-kako-normalni-a-se-shtetni-04.jpg

Борба само на социјалните мрежи.

Во ред е да ставите статус на Фејсбук дека сте иритирани од загадениот воздух, но не е во ред ако останете само на тоа и не преземете некаква акција или иницијатива на дело.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава