Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта

Анет Херфкенс

Бидејќи се плашела од авиони и имала клаустофобија, Анет Херфкенс воопшто не сакала да се качи во авионот кој требало да полета од Хо Ши Мин во Виетнам во 1992 година.

Тоа што авионот бил мал, со едвај 25 патници, дополнително ја плашело.

Но, нејзиниот свршеник ја охрабрил да се качи, бидејќи станувало збор за лет кој трае кратко.

Но, по 40-тина минути откако полетале, свршеникот ја фатил за рака и ѝ рекол дека не му се допаѓа движењето на авионот и звукот што го прави.

Како што раскажува Анет, следното нешто што го помни е дека се разбудила среде џунгла, со мртов патник врз неа.

Разгледала наоколу и го забележала свршеникот малку подалеку од неа, но и тој бил мртов.

lugje-koi-prezhiveale-fatalni-avionski-nesrekji-amerikanec-dvapati-izbegal-na-smrtta-06.JPG

Слушала извици на други патници, но бидејќи осум дена не дошол да ги спаси никој, Анет била единствената преживеана.

А, самата не можела да им помогне бидејќи ѝ бил оштетен белиот дроб и имала 12 скршени коски, вклучувајќи ги колкот и коленото.

Денес вели дека не се сеќава на самата несреќа и можеби е подобро што нејзиниот ум решил да го „заклучи“ тоа сеќавање за неа.

„Никогаш не сум била толку сама“, има изјавено за периодот додека чекала некој да ја спаси.

Откако била спасена и пренесена во болница во Виетнам, Анет останала таму три месеци, пред да биде вратена дома, во Мадрид.

lugje-koi-prezhiveale-fatalni-avionski-nesrekji-amerikanec-dvapati-izbegal-na-smrtta-07.JPG

Ричард Лавер

Ричард Лавер имал 12 години кога во 1985-та, со татко му се качил на лет од Флорида до Калифорнија.

Но, кратко пред да се приземји, авионот налетал на силна бура, експлодирал и се срушил, поради што загинале 137 патници, вклучително и татко му на Ричард.

Подоцна, Ричард има изјавено дека во неколкуте дена пред несреќата, како да чувствувал дека ќе се случи нешто лошо и постојано бил нервозен.

Кога забелеал дека авионот е во бура, отишол во тоалетот за да си го измие лицето и да се освежи.

И, во тој миг авионот почнал да паѓа, по што експлодирал.

lugje-koi-prezhiveale-fatalni-avionski-nesrekji-amerikanec-dvapati-izbegal-na-smrtta-08.JPG

Ричард се здобил со изгореници и повреда на стомакот, скршен врат и скршени раце, како и оштетен бел дроб.

Иако ја преживеал несреќата, заедно со уште 25 патници, траумите од настанот го следеле скоро целиот живот.

Имал посттрауматско стресно нарушување и никако не можел да се помири со смртта на татко му.

До 27-годишна возраст, бил и бездомник бидејќи не бил способен да работи и да се грижи за себе.

Оттогаш Ричард успеал да се врати на нозе, во среќен брак е, а има и дете.

lugje-koi-prezhiveale-fatalni-avionski-nesrekji-amerikanec-dvapati-izbegal-na-smrtta-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава