Педофилска мрежа во Ватикан, италијанска мафија: Што се случило со Емануела Орланди, која исчезнала пред 40 години?

Две години пред киднапирањето на Емануела, маж од Турција пробал да изврши атентат на папата - го застрелал, но не го убил.

Мажот бил затворен, а по две години, еден од јавувачите во семејството на Емануела тврдел дека таа е киднапирана за уценување.

Односно, им рекол дека Емануела ќе биде ослободена само ако биде ослободен и напаѓачот на папата.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-13.JPGПапата Јован Павле Втори

Поради ова, се појавила теорија дека во целото киднапирање е вмешана терористичка група од Турција.

Но, ова никогаш не е потврдено.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-14.JPGПапата Јован Павле Втори зборува со атентаторот, по неговото затворање

Според друга теорија, Емануела можеби била киднапирана од италијанската мафија.

Оваа теорија се поврзува со лидер на огранок на мафијата, Енрико де Педис.

Според теоријата, Енрико му позајмувал многу пари на Ватикан. Но, бидејќи сега ги сакал назад, решил да киднапира девојка од Ватикан и да ја користи за уценување.

Оваа теорија е поткрепена од сведоштвото на Сабрина Минарди која му била девојка на Енрико во периодот на киднапирањето.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-02.JPG

Сабрина сведочи неколку години по киднапирањето, но тврди дека кога Емануела била киднапирана, таа се грижела за неа бидејќи ја криеле во нејзина куќа.

Иако надлежните верувале дека Сабрина ја кажува вистината, сепак до денес нема доволно докази дека мафијата стои зад киднапирањето.

Можеби највознемирувачката теорија е дека Емануела е киднапирана од страна на Ватикан и искористена како секс робинка.

Низ годините, Ватикан се има соочено со безброј слични обвиненија, особено за педофилија и сексуална злоупотреба на млади момчиња.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-16.JPG

Според теоријата, Емануела, како многу други млади девојки, била киднапирана, а потоа присилувана на односи на забави кои биле организирани од луѓе од високите е рангови на Ватикан.

На овие забави присуствувале и разни моќни луѓе од целиот свет.

Она што ја прави теоријата кредибилна е фактот дека потекнува од поранешен соработник на папата – свештеникот Габриел Аморт.

„Ова е злодело со сексуален мотив. Се организираа забави, а жандермаријата во Ватикан беше задолжена за регрутирањето на девојките.

Верувам дека Емануела има завршено како жртва на оваа мрежа“.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-11.JPGЛуѓе држат флаери со ликот на Емануела за време на обраќање на папата на плоштадот Св. Петар во Ватикан

Низ годините, семејство и надлежните добиле уште бројни дојави.

Во 2018 година, во Ватикан беа пронајдени човечки останки на имот на кој почнале градежни работи.

Тогаш семејство се надевало дека конечно ја нашле Емануела, но ДНК анализата покажала дека коските не се нејзини.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-8.JPGЕксперти на местото каде што биле откриени коските

Во 2019-та, пак, адвокатката на семејството добила писмо со фотографија од надгробна плоча со скулптура на ангел. Во писмото пишувало да бараат „таму каде што гледа ангелот“.

Надлежните брзо го лоцирале гробот кој е спомнат во писмото, ја тргнале надлежната плоча и откриле широка подземна гробница.

Но, внатре била празна, па сите дошле со заклучок дека писмото веројатно е сурова шега.

pedofilska-mrezha-vo-vatikan-italijanska-mafija-shto-se-sluchilo-so-emanuela-orlandi-koja-ischeznala-pred-40-godini-03.JPGЛуѓе во Рим собрани во чест на Емануела

И денес, 40 години подоцна, случајот на Емануела останува отворен, иако семејството вели дека се надева дека ќе го најде барем нејзиното тело, за да можат да ја погребат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава