Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „радиумските девојки“

Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика каде што боеле предмети со флуоресцентна боја – заработувале многу, а работата била релативно лесна. Но, девојките не знаеле дека бојата е радиоактивна и дека наскоро ги очекува вистинска агонија.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-01.jpg

Во 1920-тите, во неколку фабрики низ Америка биле вработени жени чија задача била да бојат предмети, како стрелки на часовници, со флуоресцентна зелена боја.

Бојата била направена од радиум – радиоактивен елемент – но жените биле уверувани дека е безбедна, за на крај повеќето од нив да ги снајде страшна судбина.

Работничките заработувале и трипати повеќе од другите тогашни работни места, работата не била тешка како во други фабрики, па за нив било премија ако успеат да се вработат на таа позиција.

Денес овие работнички се познати како „радиумски девојки“, а трагедијата што ги снашла подоцна ќе биде причина за огромни реформи во безбедносните протоколи во фабриките, но и на работните места воопшто.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-04.JPG

Тажната приказна на „радиумските девојки“:

Во 1898 година, Марија Кири и нејзиниот сопруг Пјер го идентификувале елементот радиум, а неколку години подоцна успеале да го изолираат.

Марија и Пјер се здобиле со изгореници додека ракувале со радиумот, а покажувале и симптоми на радијациска болест, па биле свесни дека новиот елемент е опасен.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-02.JPG

Од друга страна, откриле дека радиумот може да ги уништи заоблените клетки во организмот, а ова создало можност да се третира како лек.

По некое време радиумот навистина почнал да се гледа како некој чудотворен лек за секакви проблеми – од настинка и проблеми со варење, до хистерија.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-13.JPG

За некои, пак, поинтересен детаљ било тоа што предметите премачкани со радиум станувале флуоресцентни, односно светеле во темница.

Па, почнале да се продаваат часовници и други предмети премачкани со боја со радиум кои светеле во темно.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-2.JPG

Сепак, сето ова не го побивало фактот дека радиумот е радиоактивен и дека продолжениот контакт со него претставува опасност, а работничките кои ќе го искусат ова од прва рака на почетокот не биле свесни за опасноста.

По крајот на Првата светска војна, многу жени во САД почнале да работат во фабрики.

Како што веќе спомнавме, повеќето сакале да се вратот во United States Radium Corporation поради високата плата и релативно лесната работа. Компанијата била задолжена за производство на флуоросцентна боја од радиум, а задачата на девојките била да бојат предмети со неа.

im-pagjale-zabi-i-umirale-vo-agonija-bidejkji-rabotele-so-radioaktivna-boja-tazhnata-prikazna-za-radiumskite-devojki-11.JPG

Но, додека мажите кои работеле во лабораториите секогаш носеле барем престилки како заштита, жените биле уверувани дека бојата со радиум е потполно безбедна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава