10 производи на TEMU кои се толку луди што ќе посакате да ги купите (иако не ви требаат)

Дали би купиле перика за својата мачка? Или можеби лед светло за школката во тоалетот кое се пали на сензор? Некои производи што се продаваат на TEMU сигурно не сте ни помислиле дека може да постојат...

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-01.jpg

Шопинг манијата од TEMU не само што не запира, туку кај нас е уште поголема од претходно. Некои велат дека дневно се доставуваат околу 10.000 пратки - облека, обувки, евтин, а квалитетен накит, работи за домаќинство, разни играчки, работи што не може да се најдат кај нас, а се интересни.

TEMU работи како посредник помеѓу илјадници продавници кои ги нудат своите производи на едно место, а купувачот може да избере од која продавница ќе порача конкретен производ според цената, коментарите од претходни корисници и слично, бидејќи еден ист производ може да се најде во понудата на различни продавници.

Меѓу бројните производи кои може да се порачаат преку TEMU се и работи за кои никогаш не би ни помислиле дека постојат или дека некогаш ќе ви притребаат за нешто.

А сепак, илјадници луѓе од светот ги купуваат - едни за забава, други затоа што навистина им требаат.

И не заборавајте, пред да порачате нешто, убаво и неколкупати прочитајте го описот и коментарите за да не згрешите.

Ова се 10 необични производи од TEMU што се толку луди, што навистина ќе посакате да си ги купите:

Перика за мачки

Производот чини 85 денари, а оваа продавница има продадено преку 1.200 перики.

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-02.jpg

Алка-ремен за да не си го загубите детето

Овој чуден ремен се става како алка на раката на детето и на раката на возрасната личност што го чува, па така нема можност тоа да ви избега или да се загуби.

Се продава во неколку различни бои.

Чини само 165 денари, а преку оваа конкретна продавница се продадени преку 70.000 вакви алки-ремени.

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-03.jpg

Пластична „вилица“ - база за чување додатоци за шрафцигер + додатоци за шрафцигер

Ако често користите алат, имате многу додатоци за шрафцигер, или ако често ги губите, тогаш преку TEMU можете да си порачате база за чување на додатоците за шрафцигер во комбинација со 28 различни парчиња за шрафцигерот - во вид на вилица.

Овој производ чини 399 денари, а продаден е повеќе од 3.700 пати.

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-04.jpg

Четка за чистење на стапалата во вид на папучи

Овие четки се направени во вид на папучи, а на основата имаат лепенки, па може да се фиксираат на плочките во туш кабината.

Во делот кај петицата има шмиргла, за потемелно чистење на тој дел од мртвата кожа од ногата.

Чини 416 денари, се води како best seller (еден од најпродаваните производи) и има скоро 80.000 продадени производи.

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-05.jpg

Гумени папучи - боса нога

Овие гумени папучи се продаваат во две бои - крем и зелена, а се препорачуваат за луѓе кои носат чевли помали од број 42.

Чинат 441 денар, а преку оваа продавница ги купиле 7.600 луѓе.

10-proizvodi-na-temu-koi-se-tolku-ludi-shto-kje-posakate-da-gi-kupite-iako-ne-vi-trebaat-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg