10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови

Посетата на заболекар била кошмар

До 18 век кариесот на забите се третирал со вадење на забот.

Но, постоеле и заболекари кои го отстранувале оштетениот дел од забот, а потоа правеле пломба од бел восок или злато и со тоа го „затворале“ забот.

Ако некој имал малку заби, на нивно место се ставала сребрена жица.

Првите импланти за заби биле направени од коска од морж или слонова коска.

10-neobichni-fakti-kako-lugjeto-ja-odrzhuvale-higienata-vo-prethodnite-vekovi-07.jpg

Отстранување штетници од постелата и пред 200.000 години

Археолозите неодамна го открија најстариот „душек“ од трева, кој се верува дека се користел како кревет.

Тој е стар околу 200.000 години, а бил дебел околу 30cm.

Според научниците, луѓето го гореле стариот „душек“ и на негово место „постилале“ нов од свежа трева и на тој начин ги уништувале штетниците.

10-neobichni-fakti-kako-lugjeto-ja-odrzhuvale-higienata-vo-prethodnite-vekovi-08_copy.jpg

Мед против акни

Уште од антички времиња луѓето барале начини да се ослободат од акните и мозолчињата. Се верува дека и Тутанкамон се борел со овој проблем, бидејќи во неговата гробница се пронајдени многу „лекови“ против акни.

Во тоа време како најефикасни мевлеми биле медот, сулфурот и киселото млеко - тие само се ставале врз акните и се чекало да се исушат.

10-neobichni-fakti-kako-lugjeto-ja-odrzhuvale-higienata-vo-prethodnite-vekovi-09.jpg

Витезите имале проблем да одат во тоалет

Без оглед каков оклоп и да носеле витезите, тие можеле да отстранат еден дел од него без помош од своите слуги и да одат во тоалет.

Но, во време на војните, долгите пешачења и неможноста лесно да се оди по нужда, повеќето витези уринирале во самиот оклоп.

10-neobichni-fakti-kako-lugjeto-ja-odrzhuvale-higienata-vo-prethodnite-vekovi-10.jpg

Миењето коса не било проблем во време на Ренесансата

Во времето на Ренесансата докторите ја поврзувале косата со здравјето, па инсистирале таа да се мие еднаш неделно или трипати во месецот.

Косата се миела со вода, потоа се четкала со метален чешел, а скалпот се триел со волна.

10-neobichni-fakti-kako-lugjeto-ja-odrzhuvale-higienata-vo-prethodnite-vekovi-11.jpgА. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава