Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард

Поради силувањата, Џејси останала бремена и во 1994-та родила девојче.

„Беше убава. Се чувствував како веќе да не сум сама. Имав некој кој е мој. Не бев сама“, има изјавено Џејси по спасувањето.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-10.JPG

Потоа, во 1997 година, родила уште едно девојче и вели дека по втората бременост, Филип престанал да ја напаѓа.

Девојчињата пораснале во домот на Филип и Ненси и мислеле дека им се родители, а дека Џејси им е сестра.

Не оделе на училиште, но Џејси пробувала да ги образува како знае и умее.

„Морав да се грижам за девојките. Но, сакав да имаат и подобар живот“, пишува Џејси во своите мемоари.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-04.JPG

Иако нападите престанале, Џејси сепак била заробеник и живеела во шатор поставен во дворот на нејзините киднапери.

Низ годините, случајот се прославил низ САД, но никој не успевал да го лоцира парот што ја киднапирал Џејси, сè до август 2009 година.

Филип отишол на универзитетски кампус со ќерките на Џејси кои тогаш биле на возраст од 15 и 11 години.

Овде барал дозвола да дели религиозни летоци.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-09.JPG

Полицаец кој тогаш бил на кампусот помислил дека Филип му делува сомнително, па му рекол да се врати следниот ден.

Тој веднаш го проверил неговиот идентитет и тогаш дознал дека е сексуален престапник кој поминал и време во затвор.

Следниот ден Филип се вратил на кампусот со ќерките, а двајцата полицајци кои го затекнале имаат изјавено дека биле загрижени за девојките – изгледале запуштено и се однесувале чудно.

Сепак, немале како да го задржат, па решиле да стапат во контакт со службеникот кој бил одговорен за него кога бил условно ослободен.

Службеникот им кажал дека Филип нема ќерки и тогаш целата ситуација им станала уште посомнителна.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-11.JPG

Службеникот го повикал Филип во неговата канцеларија и му рекол да ги донесе девојките и сопругата.

Овде, по долго испрашување, Филип признал дека ја киднапирал и силувал Џејси.

Силувачот и неговата сопруга веднаш биле уапсени, а Џејси конечно ја видела мајка си, првпат по 18 години.

Во 18-те години што била заробена, Џејси не пробала да избега ниту еднаш.

Поради ова, по нејзиното ослободување почна да се шпекулира дека имала стокхолмски синдром – состојба кога личноста почнува да развива позитивни чувства кон својот напаѓач, како одбранбен механизам.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-03.JPG

Сепак, подоцна Џејси изјави дека не пробала да избега поради нејзините ќерки.

„За мене е деградирачко тоа што некои луѓе мислат дека бев вљубена во својот заробеник и сакав да останам со него.

Ова е толку лажно, што сакам да повратам, одвратно е. Јас морав да се адаптирам за да преживеам во околностите.

Ни за миг не заборавив дека тој е мажот кој ме киднапира“, има изјавено Џејси во 2016 година.

Што се однесува до Филип и Ненси, тие беа казнети за неколку прекршоци, вклучувајќи силување и поседување детска порнографија.

Филип доби 431 година зад решетки, додека Ненси – од 36 години до доживотна казна затвор.

rodila-2-deca-od-mazhot-shto-ja-kidnapiral-ja-nashle-po-18-godini-ukradeniot-zhivot-na-dzhejsi-dugard-13.JPG

По спасувањето, Џејси се преселила во куќа со мајка ѝ и со двете ќерки, на непозната локација.

Иако самата се претвори во јавна личност, дава сè од себе за да ги заштити своите ќерки.

Последно има откриено дека и двете се запишале на факултет.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава