Детали за пожарот во дискотека во Букурешт во 2015-та: Починале и лесно повредните поради пропусти во здравството

Во наредните неколку недели, дури 37 од хоспитализираните им подлегнале на повредите.

И, тогаш се открил можеби најголемиот скандал во здравствениот систем на Романија – голем дел од хоспитализираните починале поради несоодветна медицинска нега.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-02.JPG

Непосредно по пожарот, многу од повредните биле испратени во други држави бидејќи Романија немала средства и услови да им помогне на сите.

Но, пред да бидат испратени во странство, дел од повредените поминале неколку денови во романски болници каде што се заразиле со бактериски инфекции.

Лекарите од другите земји ги забележале заразите и целата ситуација им делувала чудно бидејќи такви бактерии можело да се најдат само во воени зони, како во Авганистан, а најмалку во болница со стерилна околина.

Во 2016 година, по независна истрага од страна на некои лаборатории, се открило дека средствата за дезинфекција во романските болници се всушност разредени до тој степен, што не биле ни ефикасни.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-08.JPG

Фармацевтската фирма одговорна за снабдување на болниците – Hexi Pharmа – била одредена од страна на тогашниот премиер.

Фирмата снабдувала околу 340 болници со средства за дезинфекција.

Иако со години имало индикации дека средствата за дезинфекција во романските болници не ги исполнуваат стандардите, дури трагедијата во дискотеката и необјаснивата смрт на оние со полесни повреди поттикнала истрага.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-05.JPG

На 6-ти мај 2016 година, над 500 луѓе излегоа на протест во Букурешт, а два дена подоцна, министерот за здравство си поднесе оставка.

Премиерот, пак, ја напушти функцијата пред крајот на мај истата година.

Сопственикот на фармацевтстката компанија загинал во сообраќајка пред да се разоткрие аферата, додека во мај 2016-та беше уапсен генералниот менаџер.

detali-za-pozharot-vo-diskoteka-vo-bukuresht-vo-2015-ta-pochinale-i-lesno-povrednite-poradi-propusti-vo-zdravstvoto-09.JPG

За пожарот, пак, беа уапсени осум лица, вклучувајќи ги и сопствениците на дискотеката.

Сите осум беа прогласени за виновни и добија по неколку години во затвор – вкупно 61.

Најдолга казна доби едниот од сопствениците – 11 години и 8 месеци.

За пожарот и настаните кои водат до разоткривање на корупцијата е снимен и документарец - Collective - кој доби две номинации за Оскар во 2021 година.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава