Симулација на терористички напад, сценарио за секој можен проблем: Како се организираат настани со милиони гледачи?

Кралски погреби

Погребите на европските монарси, како кралицата Елизабета, се планираат со децении однапред.

Овие детални планов имаат и свои имиња – на пример, за кралицата Елизабета планот беше познат како London Bridge (лондонски мост).

Во овој план се наведени секоја минута и секој детаљ од погребот, од транспортирањето на ковчегот, до бојата на цвеќето во капелата.

Кралските погреби се масовни настани, особено во Велика Британија, и кралското семејство мора да биде подготвено многу однапред.

Неретко, и самите владетели работат на планот за нивниот погреб.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-05.JPG

Светско фудбалско првенство

Најголемиот спортски настан во светот дефинитивно е Светското фудбалско првенство, а го посетуваат повеќе од еден милион фанови.

Еден од проблемите кои можат да настанат за време на првенството се лошите временски услови.

Па, организаторите имаат цел тим од експерти чија задача е да ја следат временската прогноза.

Со нивната детална анализа, организаторите знаат дали некој натпревар може да се одигра или е најдобро да се одложи.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-06_copy.JPG

Super Bowl

Најголемиот спортски настан во САД е Super Bowl, чие полувреме го следат и луѓето од целиот свет, поради настапите на познатите личности.

Додека трае настанот, надлежните имаат издадено забрана за летање над стадионот каде што се одржува натпреварот, а има и строга забрана за дронови.

Пред настанот, тимовите за обезбедување симулираат и разни потенцијални проблеми, како терористички напади.

Исто така, внимателно се следи движењето на публиката, во случај да треба да се евакуира стадионот, без да се создаде стампедо.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-07.JPG

Оскари

Иако малкумина можат да ги гледаат во живо, преносот од Оскарите го следат милиони луѓе.

Ова е најважниот настан во филмската индустрија, па секоја секунда е внимателно испланирана.

А, организаторите имаат подготвено сценарио за секој потенцијален проблем.

Секое од овие сценарија им е познато на оние кои се дел од организацијата и знаат што точно да прават во секоја ситуација.

Поради ова, ни инциденти како шлаканицата на Вил Смит не го попречуваат одржувањето на настанот.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава