Симулација на терористички напад, сценарио за секој можен проблем: Како се организираат настани со милиони гледачи?

Кралските погреби, како на кралицата Елизабета, се детално испланирани со децении однапред, додека пред Олимписките игри се симулираат разни опасни сценарија за обезбедувањето и организаторите да знаат како да реагираат.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-01.jpg

Воопшто не е лесно да се организира огромен настан, како Олимписките игри или Евровизија, а притоа да се земат предвид сите потенцијални проблеми кои можат да настанат, но и безбедноста на луѓето кои ќе присуствуваат.

Настаните што ги посетуваат илјадници, па и милиони луѓе бараат беспрекорна организација и координација, а посетителите не се ни свесни за она што се случува зад сцената.

Тајните со кои ваквите настани секогаш изгледаат беспрекорно:

Олимписки игри

Милиони луѓе одат да ги следат Олимписките игри во живо, па ова е еден од најмасовните настани во светот.

Игрите се планираат со години, а за да се осигурат за безбедноста на посетителите и натпреварувачите, организаторите прават и симулации.

Односно, најмуваат волонтери и симулираат потенцијални опасни сценарија кои можат да настанат на место со многу луѓе.

Тие симулираат и терористички напади, за во случај да настане нешто такво, да знаат како да реагираат.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-02.JPG

Аџилак во Мека

Мека е најсветиот град за муслиманите и секоја година околу 2 милиони верници го посетуваат градот за време на аџилак.

Бидејќи огромен број верници се собираат во релативно мал простор, во минатото за време на аџилакот се случувале трагедии, како стампедо.

За да се избегнат несреќите, денес властите во Саудиска Арабија користат систем за следење на толпата со помош на сателити и други технологии.

На овој начин можат да го набљудуваат движењето на верниците во секој миг и доколку забележат стампедо или каков било проблем кој може да ескалира, веднаш реагираат.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-03.JPG

Евровизија

Евровизија е еден од најголемите музички настани во Европа кој го следат гледачи од сите европски земји.

А, секојпат организаторите имаат „резервна држава“ во случај настанот да не може да се одржи во земјата каде што треба.

Односно, во другата земја е изграден истиот сет, има водители и камери за пренос во живо, во случај земјата домаќин да не може да го пренесува настанот од причини како напад или технички проблеми.

Снимен е и настапот на секој натпреварувач и оваа снимка може да се искористи ако изведувачите не можат да настапат во живо од која било причина.

kako-se-organizirat-nastanite-so-milioni-posetiteli-i-gledachi-simulacija-na-teroristichki-napad-scenario-za-sekoj-mozhen-problem-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg