Уби актерка, ѝ се заканувал на Шер со пиштол: Мрачната страна на озлогласениот музички продуцент Фил Спектор
Фил Спектор соработувал со најголемите музички ѕвезди на минатиот век и стои зад некои од најпознатите ретро хитови. Но, биполарното нарушување, а подоцна и повредата на главата го направиле ужасна личност - им се заканувал на колегите со оружје, ја држел поранешната сопруга во заробеништво, а на крај уби и актерка.
Своевремено, Фил Спектор беше еден од најплодните музички продуценти и соработуваше со ѕвезди како Тина Тарнер и The Beatles.
Но, последните години од животот ги помина зад решетки поради убиство.
По неговата смрт во 2021 година, ќерка му се обиде да му ја поправи репутацијата, тврдејќи дека неговата жртва всушност се самоубила.
Ќерка му се појави и во документарец за случајот, но надлежните останаа на ставот дека Фил е убиец и дека заслужно бил во затвор.
Што знаеме за озлогласениот продуцент и неговите скандали?
Во тинејџерските години, Фил Спектор важел за музички гениј и на само 18-годишна возраст напишал и продуцирал песна која станала број 1 на топ-листите во САД.
До 1960-тите, станал еден од највлијателните продуценти во историјата на поп музиката, а основал и своја продукциска куќа.
Почнал да соработува со најголемите музички имиња на сите времиња и стои зад некои од најпознатите хитови од минатиот век, како Let It Be на The Beatles и Imagine на Џон Ленон.
Сепак, кон крајот на 1970-тите, повеќе внимание привлекувало неговото лошо однесување и „тешкиот“ карактер поради што многумина почнале да избегнуваат да соработуваат со него.
Пред да биде обвинет за убиство, продуцентот имал низа скандали.
Во 1970-тите, тој направил договор со пејачката Шер за заедничка песна. Но, продуцентот го прекршил договорот, па Шер отишла кај него за да разговараат за тоа.
„Отидов кај него и го прегрнав, па му реков дека не може да го прекршува договорот. Но, тој се налути и како да пробуваше да ме заплаши.
Ми рече дека можел да прави што и да посака и дека ако не ни се допаѓа, да го тужиме. И, тогаш во раката зеде пиштол кој не забележав дека стоеше на маста пред него“, откри пејачката во нејзините мемоари.
Шер вели дека била сигурна дека Фил нема да ја застрелала, па почнала да се расправа со него и излегла надвор. Пејачката додава дека Фил ѝ се извинувал што вперил пиштол во неа додека излегувала од неговата куќа.
Наводно, сличен инцидент имал и со бендот The Ramones со кој соработувал на нивен албум. Додека го снимале албумот во студиото, тој ги присилувал да ја свират истата песна многупати, а во нив имал вперено пиштол.
Според некои извори, им се заканувал со оружје и на други познати музичари, како Џон Ленон и Леонард Коен.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





