„Татко ми го уби мажот кој ме силуваше – го застрела на телевизиски пренос во живо, но сметам дека погреши“
На 11-годишна возраст, Џоди Плауше бил жртва на неговиот карате тренер кој го силувал, а потоа и го киднапирал. Откако тренерот бил фатен, татко му на Џоди решил да ја презеде правдата во свои раце, па го застрелал и убил. Додека јавноста го гледала како херој, Џоди вели дека до денес не го оправдува убиството што го извршил татко му.
Во 1984 година, Џеф Дусет, кој бил тренер по карате, бил обвинет за киднапирање и силување на 11-годишно момче.
Во лисици и во придружба на полицајци, силувачот пристигнал на аеродром во Луизијана САД, од каде требало да оди на суд.
На аеродромот, покрај новинарите и камерите, го пречекал и таткото на неговата жртва кој го застрелал со пиштол, додека целиот инцидент бил пренесуван во живо.
Силувачот бил пренесен во болница и починал за околу 24 часа, додека таткото бил нарекуван и херој.
Сега, неговиот син, односно жртвата на Џеф Дусет има 52 години и многупати има зборувано за целот искуство. Џоди Плауше ја има раскажано својата приказна и во книга.
Детали за неговата голгота и одмаздата на татко му:
Во 1983 година, Џоди живеел во Луизијана со неговото семејство и одел во петто одделение.
Бидејќи сакал да спортува, веќе одел на тренинг на неколку различни спортови, но изразил желба и за карате, најмногу за да му прави друштво на неговиот помал брат.
Кратко откако почнал да тренира карате, Џоди и брат му биле префрлени кај нов инструктор – 25-годишниот Џеф Дусет.
Џеф бил поранешен војник, а поради харизмата веднаш им се допаднал на момчињата, но и на нивните родители. Впрочем, родителите на Џоди честопати го викале и на вечера.
На тренинзите, Џеф му обрнувал многу внимание на Џоди, а по некое време почнал да тестира колку далеку може да оди.
„Мислам дека ги тестираше границите на сите деца, и ги избираше оние кои најлесно ќе му се покорат.
Мене ме допираше по ногата додека правевме вежби за истегнување, па ме натера да мислам дека тие допири се нормални“, раскажува Џоди.
Кога имал 10 години, Џоди и тренерот биле во автомобил кога тој му понудил на детето да му седне во скут, за да може да вози.
Радосен за можноста да седне за волан, Џоди веднаш прифатил, но вели дека тогаш почувствувал дека тренерот го допира на ногата.
„Се сеќавам дека се зачудив, но потоа си помислив дека сигурно не било намерно.
Но, тренерот знаеше многу добро што прави. Проверуваше колку далеку може да оди. И, ова е како дефиниција за педофилија“.
Како и секое дете, Џоди не бил свесен што точно се случува, па тренерот почнал да оди сè подалеку. Џоди се присетува дека една вечер додека бил на патување со карате тимот, тренерот го допрел и за гениталиите.
„Следното утро ми рече да не кажувам за она што се случило ноќеска. Се преправав дека не знам за што зборува и го прашав што се случи. Во тој момент, тренерот сфати дека јас нема да кажам ништо.
И, оттогаш злоупотребувањето стана поизразено… ме напаѓаше речиси секој ден, до денот кога ме киднапира – 19-ти февруари 1984 година“, раскажува Џоди.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





