„Татко ми го уби мажот кој ме силуваше – го застрела на телевизиски пренос во живо, но сметам дека погреши“
Џоди веќе бил свесен дека она што се случува е погрешно. Претходно, родителите му имале одржано лекција за тоа што сте непристојни допири од возрасни и дека не треба да ги крие.
Татко му, пак, му рекол дека ако некој го допре, веднаш да му каже и дека тој ќе го убие ако треба.
Џоди вели дека бил сигурен ако му каже на татко му, тој ќе го убие тренерот, па затоа решил да молчи.
Бидејќи Џоди молчел, но покажувал резултати на тренинзите, родителите не се сомневале во ништо. Истовремено, тренерот се потрудил и да ја стекне нивната доверба.
Па, кога Џоди не сакал да оди на тренинг, тренерот ќе се појавел кај него дома за да го премисли. Бидејќи родителите му верувале, не ни пробувале да го спречат.
„Не бев само јас жртва на груминг, туку жртви бе и моите родители. Тој ја стекна мојата доверба, но и довербата на моите родители“.
На почетокот на 1984 година, тренерот му кажал на Џоди дека бил во неволја – должел многу пари и ако не ги нашол наскоро, ќе ја напуштел државата. Му рекол и дека ќе го понесе Џоди со себе.
На 19-ти февруари, тренерот Џеф се појавил пред домот на Џоди – тогаш детето било дома со мајка му. Џеф ја прашал дали може да го позајми нивниот автомобил и замолил Џоди да му прави друштво.
Но, кога се качиле во автомобилот, Џеф му рекол дека ќе одат во Калифорнија. Најпрво отишле во Тексас, кај мајка му, а оттаму тргнале со автобус за Лос Анџелес.
Штом пристигнале во Калифорнија, Џеф му ја офарбал косата на Џоди во црна боја, најмил хотелска соба и овде повторно го злоупотребил детето.
Полицијата веќе трагала по Џоди, па со цел да се ослободи од полицајците, Џеф ѝ се јавил на мајката на детето и ѝ рекол дека се во Њујорк.
Цели десет дена родителите очајно го барале Џоди, пред полицијата да го лоцира.
Џоди успеал да ѝ се јави на мајка му, на домашниот телефонски број, па полицијата така ја утврдила локацијата.
И покрај тоа што бил спасен, Џоди бил исплашен да признае за силувањата и упорно негирал дека бил нападнат.
„Си реков дека ќе продолжам да лажам додека не дојдат резултатите од тестот за силување. Кога тестот ќе потврди, нема да лажам, но тогаш ќе можам да му кажам на Џеф дека не го откажав јас.
Многу луѓе мислат дека лажев за да го заштитам Џеф, но лажев за да се заштитам себеси. Бев сигурен дека по неколку години Џеф ќе излезе од затвор бидејќи на таа возраст, не знаев како функционираат работите“.
Во наредните неколку денови, родителите на Џоди дознавале сè повеќе детали за тортурата што ја трпел син им.
Па, таткото на Џоди, Гери, решил да му се одмазди.
На 16-ти март, Гери бил излезен во локален бар кога дознал дека таа вечер, силувачот ќе слета на аеродромот во Луизијана, каде што живееле.
Без двоумење, Гери се упатил кон аеродромот и при првата можност што му се укажала, го застрелал и убил тренерот силувач.
Гери бил уапсен и обвинет за убиство, но добивал огромна поддршка од јавноста. Па, судиите му излегле до пресрет и добил 7-годишна условна казна и 300 часа општокорисна работа.
Џоди од друга страна, вели дека му било тешко да му прости.
„Мислам дека за многу луѓе кои не се задоволни од американскиот правен систем, татко ми е симбол за правда. Разбирам зошто го уби Џеф. Но, не можам да го оправдам.
До денес, мислам дека најдобра казна за Џеф ќе беше да отидеше во затвор“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





