Чувале лавови како миленици, едниот им го убил синот: Трагичната приказна на семејството Берберов од Азербејџан
Нина и Лев од Азербејџан во 1970-тите чувале лавови во нивниот стан – едниот убил 18-годишно момче и бил застрелан од полиција, а вториот го убил нивното дете…
Во 1970-тите, семејството Берберов од Азербејџан се прославило низ родната земја и Советскиот Сојуз поради нивните бизарни миленици – два лава кои ги чувале во стан.
Очекувано, приказната на семејството завршува со трагедија и останува како поука дека некои животни, едноставно, не се погодни за миленици.
Неколку детали за трагедијата што ги снашла:
Лев Берберов и неговата сопруга Нина имале две деца – Ева и Роман – и целото семејство живеело во Баку, престолнината на Азербејџан.
Тие живееле во стан од околу 100 метри квадратни и овде се грижеле за лавовите.
Лев работел како архитект, но многу сакал животни, па пред лавовите, семејството имало секакви миленици – мачки, кучиња, папагали, ежиња, змии…
Во 1970 година, Лев и сопругата Нина отишле во зоолошката градина во Баку, каде што виделе лав во лоша здравствена состојба.
Некако успеале да го убедат директорот на зоолошката да им го даде, за да се грижат за него.
Според пријатели на семејството, тие навистина се потрудиле за да го вратат лавот во живот и по неколку дена, состојбата му се подобрила и му го дале името Крал.
Лев и Нина го оградиле нивниот балкон за лавот да не може да избега, а секое утро го шетале во парк со поводник.
Необичниот миленик брзо привлекол внимание низ Советски Сојуз, па Лев и Нина дале многу интервјуа за лавот.
„Некогаш, кога му е здодевно додека е сам, ќе дојде во спалната, ќе се качи на креветот и ќе заспие до мене и до Лев. Наутро се буди во исто време со нас, појадува и си игра со децата.
Децата го јаваат како коњ, и тој не се навредува, никогаш нема изреагирано бурно“, има изјавено Нина во интервју.
За лавот слушнале и во Москва, па се појавил и во неколку руски филмови.
Кога Лев сфатил дека можат да заработуваат од „филмската кариера“ на лавот, ја напуштил својата работа и се фокусирал на тоа да му биде менаџер и да му бара и други улоги.
Во 1973-та, додека траело снимањето на еден филм каде што се појавувал и лавот, Лев и семејството привремено престојувале во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург).
Но, овде, во миг кога никој не внимавал на него, лавот нападнал 18-годишно момче.
Момчето преживеало, но се стекнало со сериозни повреди, додека лавот бил застрелан и убиен од полицијата.
Сепак, овој инцидент не бил доволно за Лев Берберов да си ја научи лекцијата, па посакал да вдомат уште еден лав.
Тој повторно отишол во зоолошка, но овој пат нашол мало лавче и го крстил Крал Втори. Сепак, во подоцнежно интервју, Нина има изјавено дека вториот лав бил поразличен.
„Новиот миленик беше поразличен од Крал. На првиот лав ние му го спасивме животот и затоа беше добар со нас. Но, Крал Втори бараше повеќе одговорност и беше понезависен“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





